|
“Аллах, навистина, не ги гледа ни вашите тела ниту вашиот изглед, туку гледа во вашите срца!”
“Аллах навистина одреди добри и лоши дела и потоа ги објасни. Кој ќе посака да направи добро дело, а тоа не го направи, Аллах, Благословен и Возвишен, тоа дело му го впишува во целост како добро дело (како да го направил). А ако, пак, направи добро дело, Аллах му запишува од десет до седумстотини и неколку добри дела, и повеќе. А ако, пак, посака лошо дело, а тоа не го направи, Возвишениот Аллах ќе му запише во целост добро дело. А ако, пак, направи лошо дело, Аллах ќе му запише едно лошо дело.”
“Аллах повеќе се радува за покајанието на Неговиот роб отколку што се радува некој од вас кој ќе ја најде изгубената камила, а е без вода и храна.”
“Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака во текот на ноќта за да го прими покајанието на оние кои грешеа во текот на денот, а дење ја пружа раката за да го прими покајанието за оние кои грешеа во текот на ноќта се додека Сонцето не се појави на Запад (пред Судниот ден)”.
“Аллах, Возвишен и Голем, го прима тевбето од робот се до моментот кога душата ќе му застане во грлото при смртта.”
“Човекот да поседува и една долина со злато, ќе посака да поседува две, но, сепак, устата ќе му се наполни со прашина. Аллах го прима покајанието на оној кој се кае.”
“Е, колку зачудува верникот! Тој во секоја прилика е добар. А тоа е можно да се најде само кај верникот. Кога ќе му се случи она што го радува се зафалува и добро стекнува, а кога ќе му се случи некакво зло, стравува и, пак, добро стекнува.”
“Муслиманот не го погодува никаква болка, ни несреќа, ни тага, ни жалост, нити убод од трн, а Аллах да не му прости нешто од неговите гревови.”
“На оној кому Аллах ќе му посака добро ќе му даде некаква несреќа.”
“Големината на наградата е според големината на искушението. Кога Аллах ќе го засака еден народ, ставајќи ги луѓето во разни искушенија, и кој ќе биде задоволен со тоа, Аллах ќе биде задоволен со него, а кој се лути заради тоа, нему му припаѓа Аллаховата лутина.”
“Јунаштвото не е во борење туку јунаштвото е во совладувањето самиот себеси во лутина.”
“Искушенијата на верникот и на верничката не престануваат кај нив, кај нивните деца и кај нивниот имот се додека не го сретнат Возвишениот Аллах без грешка.”
“Искреноста, навистина, води до добротворство, а добротворството води до џеннетот. Човекот е искрен додека Аллах не запише кај Себе дека тој е искрен (садик). Лажењето, навистина, води до расипаност, а расипаноста води до џехеннемот. Човекот е лажго додека Аллах не запише кај себе дека е лажго.”
“Остави го она во што се сомневаш, а не она во што не се сомневаш. Искреноста, навистина, е извесност а лажењето сомневање.”
“Каде било да се најдеш, плаши се од Аллах! По секое лошо дело нека проследи добро дело, кое ќе го избрише лошото дело. И примерно однесувај се кон луѓето!”
“О момче, јас ќе те поучам со неколку зборови: внимавај на Аллах и Он ќе внимава на тебе; внимавај на Аллах па ќе го најдеш во своја близина; кога ќе се молиш, моли Го Аллаха; кога ќе бараш помош, барај од Аллах. И знај дека целото човештво да се собере за да ти користи во нешто, ништо нема да ти користи повеќе од она што ти го определил Аллах. И сите луѓе да се соберат да ти наштетат во нешто, нема ништо повеќе да ти наштетат од она што ти го определил Аллах. Перцата веќе се подигнати, а страниците се исушени.”
“Внимавај на Аллах па ќе го најдеш пред тебе. Знај за Аллах во богатство, а и Он ќе знае за тебе во сиромаштија! Знај дека она што ќе те прескокне нема да ти се случи, а она што ќе ти се случи, нема да те прескокне! Знај дека помошта на Аллах е по стрпливоста, среќата по несреќата, леснотијата по тешкотијата!”
|
|