Добредојдовте!
Почитувани, овој сајт е посветен за сите оние кои што се заинтересирани за повеќе
информации во врска со религијата наречена Ислам, која во превод значи потчинување
(кон Бога). Со потчинување се подразбира предавање или покорување кон само Единствениот
Бог, Кој во арапскиот јазик се нарекува Алах, исто како и во арамејскиот дијалект
на хебрејскиот јазик на кој зборувал и прекрасниот пратеник Исус (нека е Божјиот
мир над него).
Ислам – најстара религија
Исламот не е нова религија. Напротив, тоа е истата религија објавувана на сите поранешни
Божји пратеници, како што се Авраам, Мојсеј, Исус или Мухамед. Можеби постои мала
промена во нивното именување (Авраам = Ибрахим, Мојсеј = Муса, Исус = Иса), но се
работи за истите истканати личности како и во христијанството. Кога муслиманот говори
за некоја од овие личности, од почит кон нив додава „алејхис-селам“ или „мир над
него“. Исто така, муслиманите се поздравуваат со универзално прифатениот исламски
поздрав употребен во Куранот на арапски „Селам алејкум“ што во превод значи „мир
со вас“. Истиот овој поздрав го употребувал Пратеникот Исус (мир над него) како
и неговите апостоли.
Верување во Исус
Да, муслиманите веруваат во Исус, син на девицата Марија. Исус во Исламот е истакнат
и многу почитуван пратеник како и пратениците Мухамед, Мојсеј и Авраам, но тој е
почитуван како Божји изабраник, а не како божество. Во Куранот луѓето многу јасно
се предупредени од страна на Семоќниот Бог:
Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен!
- Кажи: Тој, е Алах, Еден е!
- Алах е Заштитник секому.
- Не родил и роден не е,
- и никој не Му е рамен!
Куран, поглавје 112 – Искреност (Ихлас)
Погрешни преводи
Големата лингвистичка збрка која имала катастрофални последици се сведува во 2 грешки
кои од почетокот не требало да се толерираат. Тоа се преводите на зборовите син (чедо) и Бог (Господар).
И во Исламот, Исус, како и сите луѓе се чеда Божји, т.е. тие што имаат потреба од
Божјата грижа, но никако не се негови деца.
И во Исламот слободно можеме да го насловиме Исус како наш господар, во смисол наш
драг човек учител, изабраник, но никако наш Бог!
Во арапскиот јазик постои наслов “Rabul bejt”, што значи “Господар на куќата”, име
кое може да му се придаде на секој сопственик на куќа, но ова никако не значи дека
тој човек е Бог во таа куќа!
Во прв поглед зборовите во загради делуваат како синоними, но кога се зборува за
Бог, тогаш мало лексичко преиначување може да доведе до катастрофален заклучок дека
дека Бог има син, што за Бог е апсолутно неприфатливо.
Да, кај Аллах примерот на Иса е сличен на примерот на Адем: Тој од земја го создаде,
а потоа рече: Биди! - и тој настана. (Куран, 3:59)
Ќе ви прикажеме една паралела на зборовите на Исусовиот јазик:
Македонски
|
Англиски
|
Арамејски
|
Арапски
|
Бог
|
God
|
Alah
|
Alah
|
Господар
|
Lord
|
Rab
|
Rab
|
Син
|
Son
|
Ben
|
Ben
|
Чедо
|
Child
|
Ben
|
Ben
|
Арамејскиот термин РАББ = Господар (англиски=LORD), кој во арапскиот би бил еднаков
на РАББ се однесува на Бог, но не исклучиво нему. Така на пример, РАББУЛ-БЕЈТ =
господар на куќата. Значи, прифатливо би било Исус да се нарече господар, во смисол
господин, но не во смисол - Бог. Прифатливо би било Исус, како и сите ние да се
наречеме чеда Божји, во смисол – слуги Божји, тие за кои Бог се грижи, и ги сака,
но не биолошки синови! Во Библијата во врска со ова има многу пасуси кои велат дека
Сите луѓе се Божји синови, па дури и сатаната (пример: Матеј 5:45; Јов 1:6).
Во Куранот е поинаку. Во него луѓето се нарекуваат слуги Божји, но никаде не се
вели дека се синови или чеда, за да не се помешаат поимите, па потоа и верувањето.
Главната причина за погрешното толкување на овие поими до денешен ден е во тоа што
денешната Библија не е во оригиналниот јазик на кој говорел Исус – арамејскиот (или
дијалект на хебрејскиот). Овие се главните причини кои доведоа до потребата на религиското
освежување што Бог одлучи да го направи со Мухамед (нека е Божјиот мир над него)
како последен пратеник, објавувајќи му го Куранот, Последното Откровение за целото
Човештво. Исламот не е затворена религија, наменета за одреден народ или средина,
туку последен отворен повик на Бог за секое човечко суштество за да Му се покори
само Нему. Исламот го потврди тоа што го кажаа пратениците пред него, но исто така
го филтрира од грешките што настанале во меѓувреме и го зајакна со потврда од самиот
Бог:
Ние, навистина, ја објавивме Опомената (Куранот) и Ние, навистина, ќе ја чуваме.
(Куран, 15:9)
Поими
Ислам = потчинување, предавање, покорување, послушност (кон Бога)
Муслиман = тој што е потчинет, послушен, покорен (само кон Бога)
Куран = Божја Реч, Божјето последно откровение на Законикот за луѓето
Намаз = клањање, посебна дневна молитва кон Бога
Прво поглавје на Куранот - Отварање (Фатиха)
- Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен!
- Благодареноста Му припаѓа на Алах, Господарот на световите,
- Милостивиот, Сомилосниот,
- Владетелот на Денот Суден!
- Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!
- Упати нe на патот вистински,
- на патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодeт, а не на патот од оние врз кои
се разлеа гневот, а ниту на патот на оние кои во заблуда скршнаа!
(Ова е првото поглавје на Божјата Книга)
Прв чекор
Муслиман се станува изјавувајќи дека „не постои друго божество достојно за обожување
освен Бог, а Мухамед е Божји роб и пратеник.“ Со оваа изјава верникот ја објавува
својата верба во сите Божји пратеници, во Откровенијата (во нивните првобитни и
оригинални форми) кои ги донеле овие веровесници и пратеници.
Прва придобивка
Со прифаќање на Исламот Бог на човекот му ги простува сите поранешни гревови, освен
долгот што го имал кон некој друг човек. Истотака, со признавање на Еден Единствен
Бог, поединецот се осигурува од вечната казна по смртта.
Ви посакуваме пријатен престој на сајтот!