Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
КАКОВ Е ГРЕВОТ НА ОНОЈ ДО КОГО НЕ ДОПРЕЛ КУР’АНОТ
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007
По подолго размислување пријателот продолжи нагласувајќи го секој збор од новото прашање:
Добро, а што велите за човекот до кого не допрел Кур’анот, ниту друга книга од објавата на Бог, ниту пак му дошол божји пратеник? Дали е тој грешен и каков е неговиот грев? Што ќе се случи со него на Денот на пресметката за кој вие зборувате?
Му кажав:
Дозволи ми најпрво да укажам на погрешната претпоставка од твоето прашање. Аллах џ.ш. вели прецизно дека на никого не му ја одзел Својата милост- Објавата:
„Нема ниту еден народ кој бил па прошол, а да не му дошол опоменувач” (Фатир, 24)
„Ние на секој народ му пративме по еден пратеник...” (Ен Нахл, 36)
Пратениците спомнати во Кур’анот не се единствените Божји пратеници. Покрај нив имало иљадници други за кои не знаеме ништо. Аллах џ.ш. за тоа му вели на (Мухамед а.с.):
„...Помеѓу нив се некои чиј опис и доживувања ти ги кажавме, а за некои не ти кажувавме”. (Ел Му’минун, 78)
Бог му објавува на секого, па и на пчелата:
„И ја вдахнови Господарот твој пчелата и и даде природен нагон: гради престојувалиште во ридиштата, на дрвјата и на местата, кои ги подигнаа луѓето” (Ен-Нахл, 68). Понекогаш објавата доаѓа во вид на книга, која ја носи Џебраил, понекогаш во вид на светло кое допира во срцето човеково, понекогаш во вид на отварање на градите за вистината, понекогаш во вид на мудрост, сфаќање на вистината, а понекогаш во вид на покорност, страв и богострав. Секој кој нема да биде глув за Објавата, независно од начинот на кој таа допрела до него, ќе биде награден од Бога џ.ш. А што се однесува за оние кои не сакаат да чујат и да сетат со срцето, на нив не им помагаат ниту книги, ниту пратеници колку и да се.
Бог вели дека ја сипе својата мудрост на кого сака и за тоа на никого не му одговара.
Понекогаш Аллах џ.ш., од мудроста за која само тој знае, ќе казни некого а на некого ќе му прости, примајќи го неговото најслабо верување. Кој од нас знае, можеби само еден поглед на најпростиот човек свртен кон небото во стравопочит, е всушност поспасоносен и поприфатлив од нашето клањање.
Најновоте проучувања на примитивните форми на религиозноста на најстарите човечки заедници покажуваат дека и тие имале пратеници и небесни книги како и нашите.
Во племето Мау-бау откриено е верување во еден Господ, кого тие го нарекуваат Мугај и кого тие го опишуваат дека е еден, ниту е роден, ниту родил, никој не Му е рамен ниту сличен, дека не може да се види и дека не може да се спознае освен низ неговите дела и творење, дека тој е Создател, Скрбител, Милозлив, Дарувател, дека лечи болни, помага на луѓето во невоља, дава дожд, ја прима молитвата. За молњата велат дека е Негов нож, а громотевицата дека е тропот на Неговите нозе. Дали овој Мугај е како и нашиот Бог? Откаде им на нив ова знаење ако во нивната историја не имало пратеник и преносител на она што им било објавено, па времето со тоа учење направило промена.
Во племето Нијам – Нијам наоѓаме исто така верување во еден Господ, кого го нарекуваат Мубили. Во прашумата, како што веруваат, се се движи по неговата воља. Тој со громови ги погодува злите луѓе, а добрите ги наградува со скрб, благослов и сигурност.
Во племето Шејлак веруваат во еден Господ кого го нарекуваат Џок. За него велат дека се сокрива и укажува. Дека е на небото и на секое место. Тој е создател на се.
Во племето Денка веруваат во еден Господ по име Нијалок. Овој збор значи: Тој што е на небото и што е највисок.
Како да ги наречеме сите овие верувања, можеме ли за нив да речеме дека се нешто друго до Ислам?
Зарем се тие нешто друго до Објава која ја пренесувале пратеници на народите низ текот на нивната историја?
Верата е една:
„Тие кои веруваат, Евреи, Христијани и Сабејци ќе заслужат награда кај Господ, ако веруваат во Господ, Денот Суден и ако прават добри дела. Тие нама да западнат никогаш во страв, ниту жал ќе ги снајде” (Ел-Бекаре, 62)
Дури и Сабејците, кои го обожувале Сонцето како еден од Божјите закони, а кои верувале во еден Бог, Денот суден, проживувањето, пресметката и правење на добри дела, ќе имаат награда кај Аллах џ.ш.
Видовите на Божјата милост се различни. Некој се раѓа слеп, додека други се раѓаат со вид. Тие кои живееле во времето на Муса а.с. со свои очи виделе како тој го раздвојува морето со еден удар на својот стап. Современиците на Иса а.с. биле очевидци како тој оживува мртовец. Што се однесува до нас, ние за овие настани знаеме само она што сме го чуле, а да се чуе не е исто што и да се види, ниту е еднаков оној што ќе види и оној што ќе чуе. Покрај тоа, верувањето или неверувањето не е залог за муџиза . Тврдоглавите и охолите ги виделе муџизите на своите пратеници, па потоа уште повеќе зборувале дека се тие лажговци.
Нема сомнеж дека до нашиот пријател, доктор на науки, дошле сите три небески книги, Теврат, Инџил и Кур’ан, последната на неговиот мајчин јазик, па сепак тоа само ја зголемило жестината со која тој влегува во овие расправии. Од вистинските причини и патишта на автентично расправање пријателот забегал во ситуација која не е негова, прашувајќи се за апстрактниот човек на кого не му дошол пратеник и до кого не допрел Кур’анот ниту некои други небески книги, со цел да најде несовршеност во правдата на Бога, нејзина недостатност.
Затоа и прашува тој:
- Зошто се Божјите милости од различен вид? Зошто Господ на некого му дава да ги види неговите докази, а другите само да слушнат за нив?
Одговараме дека тоа можеби не би била милост, туку казна. Зарем Аллах џ.ш. не им кажа на следбениците на Иса а.с. кои барале да им прати софра од небото:
„Ќе ви спуштам трпеза, но кој не ќе верува по тоа , ќе го казнам со жестока казна, како никој дотогаш што не сум казнил” (Ел-Маиде, 115)
Тоа е затоа што за оној кој по гледањето на муџизата не ќе верува, му се наголемува и заострува казната. Блазе си му на оној кој ќе верува без муџизата, а тешко си му на оној кој ќе ја види, а не ќе поверува! Кур’ан во твоите раце е доказ и предопредување, а на денот на пресметката ќе биде казна.
Непостоењето на еден доказ за Ескимецот од поларните краишта, може да биде ослободеност, опрост и милост на Денот Суден, исто како што само еден негов поглед исполнет со побожен стравопочит во еден миг од неговиот живот може да биде доволен да биде примен тој кај Бога како искрен верник.
А зошто Аллах џ.ш. е помилозлив кон некого, тоа сепак му припаѓа на неговата мудрост:
„Бог знаел што е во срцата нивни и им дал смиреност и спокој на душата и ги наградил со една мошне блиска победа и остварување” (Ел-Фетх, 18). Божјето познавање на нас и на нашите срца трае многу подалеку од нашето раѓање и нашиот физички почеток во утробата на мајките, кога нашите души биле околу аршот (престолот), та помеѓу нас има од оние што се околу неговото светло, а има и од оние што се оддалечиле од него, уживајќи во добрата, кои Тој ги создал, и заборавајќи на убавините на својот Создател. Затоа и заслужуваат низок степен на денот на пресметувањето и потоа. Вака зборуваат оние што гледат. Она што ние го гледаме за време на нашето кратко живеење на овој свет не е се. Само Семожниот ја знае мудроста на секоја болка и несреќа. Се што гледаме има своја смисла, но ние не можеме да ја осознаеме неа и мудроста на сето тоа, оти таа не му е дадена на секого. Можеби заради ова постои и другиот свет, ден во кој ќе се воспостави прави мерила и кога нашиот Сезнаен ќе не извести за она околу што сме се разделиле.
На крајот, пријателе мој, ќе те смирам со решителниот збор вистинит кога Аллах џ.ш. вели: „Ние нема да казниме ниту еден народ додека не му пратиме пратеник. “ (Ел-Исра, 15).
Ќе ми дозволиш да ти укажам на нешто многу чудно во твоето прашање. На прв поглед тоа го открива твоето сожалување за оној кого не го сретнала Објавата, милоста и упатот Божји. Подлабоката смисла на прашањето го разоткрива твоето неверување во Кур’анот и милоста Божја. Тоа е навистина обид за заведување. Па така, ова е очигледна контрадикција; ти настапуваш со доказ кој за тебе не е никаков доказ. Зар не гледаш дека логиката што ја користиш потребува темелни корекции.
Д-р Мустафа Махмуд
Последни текстови:
|
|
|
|