Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

САМО БОГ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ОБОЖУВАН
(Извадок од книгата: Општ приказ на исламското верување)
26.12.2008

Повеќето луѓе тврдат дека Бог е Владетел и Господар, дека суверено управува со вселената. Меѓутоа дали е тоа доволно за некој да биде верник? Не, неопходно е на тоа да се додаде четвртата поставка: а тоа е дека само Тој заслужува да биде обожуван. Ако си признал дека Бог постои, дека Тој е Господар на световите, Сопственик на сè, тогаш не обожувај никого друг освен Него, ниту обраќај се на некој друг со било каков облик на обожување. Возвишениот Алах ми укажа на значењето на сурата „Ел-Нас“, во која е одговорот за оној кој го признава Неговото постоење, власт и сопственост, но извршува многубоштво на полето на обожувањето. Не сум слушнал некој од муфесирите да го спомнал ова значење и се надевам дека тоа е исправно. Возвишениот Алах вели: „Барам заштита од Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето, Богот на луѓето“. Зошто се повторува зборот „луѓе“? Зошто наместо овој збор не е употребена заменка и не е речено: „Од Господарот на луѓето, нивниот Владетел и Бог?“ Мене ми се чини, а Алах најдобро знае, како да им говори на луѓето: Ова се три поставки, меѓусебно слични и заокружени. Секоја поставка е самостојна, покрај нејзината поврзаност со другата. Тој е Господар на луѓето, т.е., Нивен Создател и Заштитник, Тој е Владетел на луѓето, т.е., нивен сопственик, кој управува со нив по своја волја, Тој е Бог на луѓето, т.е., Единиот Кој, навистина, заслужува да биде обожуван. Не е дозволено да Му се припишува здруженик. Во согласност со тоа треба да веруваат во сите три поставки, или да ги негираат сите три. Зошто да ги потврдувате и да ги сметате за вистинити првата и втората поставка, а да ја негирате третата? Како правите разлика помеѓу истите нешта? Прифаќате некои, а одбивате некои. Сите три поставки се на исто ниво и не може да се прави разлика помеѓу нив.

Али Тантави


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025