Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ

08.03.2009

Освен тоа што беше кажано претходно, за основите на исламот, исламот го опфаќа и етичкиот аспект. Постојат многу текстови од Куранот и изреки од Мухаммед, а.с., кои зборуваат за етиката на човекот.

Исламот нè учи дека човекот е должен да бара знаење од секој вид. Првиот спуштен збор од Куранот е: „Учи!“. Барањето на знаење треба да се извршува во текот на целиот живот, зашто само учениот може да биде од корист на себеси, на семејството, на местото каде што живее и воопшто на човештвото.

Етика на училиште: Доколку знаењето највеќе се бара на училиште, тогаш таму треба да доминира атмосферата на толеранција, почитување и разбирање, како меѓу учениците од двата пола, така и во односот ученик-наставник и наставник-наставник.

Етика во семејството: Доколку семејството е првото гнездо каде човекот го добива воспитанието, тогаш таму треба да доминира разбирањето како меѓу родителите, така и меѓу децата. Родителите прво треба да создадат амбиент кој ќе го прилагодат почитувајќи се и уважувајќи се меѓусебно. Оваа почит директно се рефлектира врз децата. Децата треба да бидат воспитувани да се почитуваат меѓусебно. Братот да го почитува братаси, братот сестрата и обратно.

Етика на пат и на други места: Според исламското учење, када и да се наоѓа верникот треба да покаже добро воспитание. За време на средбите на пат или на други места, треба да се поздравува, без разлика на верата, полот или нацијата.

Врз основа на тоа дека сите луѓе се создадени од Бога, тогаш сите треба да се почитуваат меѓусебно. Само со меѓусебна почит можат да се создадат услови за соживот.

Земајќи предвид дека Македонија е земја каде што живеат преставници на различни вери и нации, тогаш задолжително е меѓу сите жители да доминираат основите на почитувањето и соработката.
Накратко, исламот нè учи дека каде и да се наоѓа човекот, тој со своето однесување мора да покаже дека има основни и високи вредности.

Проф. д-р Насер Рамадани


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025