Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
Понизност пред Возвишениот Аллах
(Извадок од книгата: Аллах нема да ја измени состојбата на еден народ, додека тој самиот не се измени)
15.10.2011
Понизноста е врвен ибадет
Понизноста е еден од најважните ибадети (обожување) со која можеме да се доближиме до Возвишениот Аллах. Тоа подразбира изразено чувство на зависност и потреба за Аллах. Понизноста значи да почукаш на Аллаховата врата и да побараш помош, довикувајќи Го со своето срце, душа и битие, смирено, плачејќи пред Силниот Создател, напрегајќи се што повеќе да ги подадеш рацете, лиејќи солзи, со секој атом од своето тело и со секој здив да Го повикуваш за помош Тој што може да ти даде помош.
Понизноста е болна и понизна довa
Аллаху мој, колку се убави овие зборови, кога сите би го сфатиле нивното значење! Да го анализираме заедно значењето на вистинската понизност. Понизноста е најсоодветниот ибадет во тешки ситуации, несреќи и трагедии. Кога Аллах би нè видел како оваа ноќ клањаме и кон Него рацете ги подаваме, би се родила надеж. Меѓутоа, тој збор, прво мора да го научиме, а потоа да се почу¬вствува неговото значење. Дали знаеш дека понизноста е ибадет на загубениот, заталканиот? Да научеме понизно да го молиме Возвишениот Аллах и да Му се обраќаме: „Господару, Господару.“ Да го кажеме и искажеме тоа како човекот кој доживеал бродолом и кој на располагање има само една дрвена даска којашто морската сол речиси ја истрошила. Можеш ли да замислиш како тој човек испушта крик меѓу брановите, далеку од луѓето, со очите вперени кон небото, а неговото срце му се цепи секој пат кога ќе изговори: Господару, Господару!? Ете, тоа е понизност.
Амр Халид
Последни текстови:
|
|
|
|