Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
Ајети за понизноста
(Извадок од книгата: Аллах нема да ја измени состојбата на еден народ, додека тој самиот не се измени)
28.10.2011
Возвишениот Аллах, вели:
„А и на народите пред тебе им испраќавме пратеници и со немаштија и болести ги казнувавме со цел да станат послушни. Требаше послушни да станат кога казната Наша им доаѓаше! Но, срцата нивни останаа тврди, а шејтанот убаво им го прикажуваше тоа што го работеа.“ (Ел Eнам, 42-43)
Овие луѓе правеле добри дела, само кога им било тешко. Сакаме ли и ние да... бидеме такви?! Ако денес не Му се молиме понизно на Господарот, тогаш кога? Ние мора да бидеме понизни во секој момент. Да ја погледнеме нашата состојба и да видиме какви војни и несреќи ни се случуваат.
„Кажи: ,Кој од стравотиите на копно и на море ве избавува кога јавно и тајно понизно Му се молите: Ако Тој нè избави од ова, ние сигурно ќе бидеме многу благодарни!‘ Кажи: ,Аллах од нив и од секоја неволја ве избавува, па вие сепак Му придружувате здруженик.‘“ (Ел Eнaм, 63-64.)
Погледни ги овие прекрасни зборови! Ќе нè избави од ужасите и сите проблеми ако понизно Го молиме. Нема да бидеме, со Аллахова помош, како тие луѓе кои, откако Аллах ги спасил, станале многубожен народ.. Ние ќе издржиме во нашата вера во Возвишениот Аллах.
„А Ние ниту еден веровесник не испративме во некој град, а неговите жители со сиромаштија и болест да не ги казнивме, со цел да се покајат.“ (Ел Араф, 94.)
„А зарем жителите на селата и градовите се сигурни дека казната Наша нема да ги снајде ноќе, додека тие спијат? Или жителите на селата и градовите се сигурни дека казната Наша нема да ги стигне преку ден, додека се забавуваат?“ (Ел Араф, 97-98)
Овој ајет зборува за казната што го чека оној кој не сака понизно да застане пред Аллах. Доколку Аллах би ги казнувал луѓето за нивниот немар, тоа немало лесно да се поднесe. Од тоа може да нè спаси само она што ги спасило нашите претци - понизноста! Закон, услов и последица:
„И кога би им се смилувале и од неволјите би ги ослободиле, тие повторно во својата заблуда подеднакво би талкале. Ние на маки ги стававме, но тие на Господарот не Му се покоруваа, ниту пак молитва Му упатуваа.“ (Ел Mуминун, 75-76)
Да, сите очекуваат чудо, а себеси не се товарот дури ни со дова. Сите очекуваат среќа и благосостојба на сметка на другите, на сметка на оние кои гинат во многу земји. Гледаме како Аллах нè казнува и казнува, а многумина за жал, не прават никаков гест за да Му се вратат и понизно да Го молат. Мораме да се вратиме кон Аллах затоа што Тој ни ги праќа тешкотиите со цел да се вратиме кон Него и понизно да Го молиме. Ако не го направиме тоа, искушението ќе биде поостро и поопасно. Понекогаш забораваме да правиме ибадет, па Аллах нè предупредува. Во никој случај не дозволувај да ти се случи несреќа, а понизно да не Го замолиш Аллах. Не губи надеж и не предавај се. Секогаш постои надеж во Аллах - во Тој што го поседува овој универзум и сè живо и неживо во него. Тој што ги создава законите и ги менува според ајетот:
„Биди! И тоа бидува.“ (Ен Нахл, 40)
Амр Халид
Последни текстови:
|
|
|
|