Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ

03.08.2009

Моралот зафаќа важно место во учењето на исламот. Една од важните цели на исламот е да го опреми човекот со здрав и чист морал.
Исламот нè учи да се ослободиме од сите лоши душевни особини, какви што се: омразата, ароганцијата, зависта, дволичноста итн. Од друга страна, тој бара од нас да се снабдиме со чувства на љубов и почит кон сите луѓе.

Исламот нè учи дека да му посакуваш на својот брат тоа што си го посакуваш на себеси е својство на добриот верник.

Според исламското учење, треба да се работи сè што е добро и од лична и општествена корист.

Во исламот постојат забранети дела, од кои издвојуваме:
- убивање невин човек;
- лаги;
- неморал;
- крадење;
- самоубиство;
- конзумирање, продавање и служење алкохол, наркотици итн;
- конзумирање свинско месо;
- навредување на родителите, непочитување и негрижа кон нив, итн.


Сè на сè, на човекот му е забрането да работи лошо, иако е можно некогаш да погреши. Затоа во исламот постои покајанието, кадешто човекот Му се враќа на Бога барајќи прошка за гревовите што ги направил.

По ова може да се заклучи дека богатиот не е поблизок до Бога од сиромавиот, ниту белецот е поблизок од црнецот, туку најблиски до Аллах се верниците и богобојазливите.

Во Куранот се вели: „О луѓе, навистина ве создадовме од еден маж и една жена, ве направивме народи и племиња само за да се запознавате.“ (Ел Хуџурат, 13)

Проф. д-р Насер Рамадани


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025