Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
Понизноста кон Аллах е ибадетот на Пратениците
(Извадок од книгата: Аллах нема да ја измени состојбата на еден народ, додека тој самиот не се измени)
02.11.2011
Да погледнеме како Jунус, а.с., понизно се обратил од утробата на китот - нашиот пратеник Јунус, а.с., кој бил заробен под три темнини во длабочините на морето, во мракот на утроба на китот.
Сепак, тој не се откажал. Понизно Му се обратил на Аллах, од длабочината на своето срце:
„Нема Бог освен Тебе, Славен нека си! Јас навистина згрешив кон себеси!“
(Ел Eнбиja, 87)
Погледнете како му одговорил Милостивиот и Сомилосен спасувајќи го од неволјата:
„Се отповикавме и го спасивме од неволјата; Ете, така Ние ги спасуваме верниците.“
(Ел-Eнбиja, 88).
Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, ја гледал бројната и добро вооружена војска од многубошци на денот на Бедр, додека муслиманската војска била малубројна и слабо вооружена.
И што направил тој тогаш? Ги кренал двете раце и почнал да се моли, да учи дова сè додека неговата наметка не паднала од рамениците и се открила белината на неговите пазуви. Говорел:
„Аллаху мој, ако оваа група на муслимани денес биде поразена, на земјата повеќе нема да бидеш обожуван.“
Сиддик (Ебу Бекр) му рекол:
„Аллахов Пратенику, доволно Го молеше Господарот. Тој сигурно ќе го исполни ветувањето што го даде.“
Гледаш ли што направил Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, кога се почувствувал слаб? Понизно Му упатил дова на Аллах. Нам денес понизноста ни е повеќе од потребна за Аллах да нè ослободи од проблемите. А проблеми има секаде околу нас и единствено решение ни е свртувањето кон Аллах!
Амр Халид
Последни текстови:
|
|
|
|