Насловна |  |
|
| | Христијанство и Ислам |  |
|
| | Текстови |  |
|
| | Куран |  |
|
| | Хадиси |  |
|
| | Прашања - Одговори |  |
|
| | Мултимедиа |  |
|
| | Download |  |
|
| | Линкови |  |
|
| | Коментари |  |
|
| | Контакт |  |
|
|
|
Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
МОНОТЕИЗАМ - ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДНОШТВОТО НА БОГА
(Извадок од книгата: Општ приказ на исламското верување)
26.12.2008
Верувањето, дека Возвишениот Алах е Господар на световите и сопственик на сè, е дело на срцето. Тоа е догма која човекот ја прифаќа. Но, верувањето дека само Тој заслужува да биде обожуван, не се сведува само на догма и на принцип, туку го опфаќа и однесувањето, делувањето и обожувањето. Па кој ќе го одбие обожувањето на Бога или во обожувањето Му припише здруженик - не е верник. Доколку се реализира верувањето дека Бог е Создател и Господар на световите, што би било тогаш обожувањето? Прво што ни паѓа на ум е дека обожувањето на Бога е спомнувањето на Бога, молитвата, постот, учењето на Куранот и слично на тоа, што приближува до Него. Ова е вистина. Меѓутоа, побожноста не се ограничува само на тоа. Секое корисно дело, шеријатски дозволено, кое верникот го извршува барајќи ја Божјата награда е побожност. Јаде, за да биде силен за извршување на она што му е заповедано. Неговото земање на храна со оваа намера е побожност. Се жени за да се направи себе си и својата сопруга крепосни и честити, и неговата женидба е побожност. Стекнување на имот со таква намера е побожност, како и неговото трошење за семејството. Стекнувањето на знаењето и дипломата е побожност. Извршувањето на домашните работи од страна на жената, послужувањето на нејзиниот сопруг и чувањето на нејзините деца е побожност. Секое дозволено дело, под услов оној кој го извршува да има намера Бог да е задоволен, е побожност. Значењето на побожноста е широко и ги опфаќа сите корисни човечки дела. Веројатно ова значење и оваа смисла се искажува со зборовите на Возвишениот: „И џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат!“
Али Тантави
Последни текстови:
|
|
|
|