Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
ШТО Е ВЕРАТА
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007
Пријателот продолжи да прашува намигнувајќи:
„А што им велите на оние кои велат дека верат е опиум и дека ги дрогира сиромавите и подредените за да мирно го набљудуваат насилството кое им се нанесува и бедата во која живеат, сонувајќи само за рајот и неговите уживања, што од друга страна им обезбедува угоден живот на богатите во нивното изобилство за кои тие велат дека е нивно полно право, зашто Бог ги создал луѓето различни по богатството? Што велите на тврдењата дека верата не е дадена од Бога туку дека е призлезена од околностите и од општествените потреби за да би им била оружје на припадници на една класа против друга класа? Пријателот, јасно се гледа, укажува на мислењата на материјалистичките мислители за верата.
На тоа му одговараме:
Неприфатливо е тврдењето дека верата е опиум. Напротив, верата во својата суштина е задача, обврска и одговорност. Таа не е распуштеност, ниту бегање од одговорноста, па според тоа не е ниту опиум. Верата е работа, а не излежување: „Кажи: Работете па Аллах ќе го види вашиот труд...” (Ет-Тевбе, 105). Ние заговараме тевекул, а не пасивност. Тевекул (потпирање врз Аллах џ.ш. ) бара решителност, црпење на сите можности, вложување напор и користење на сите умешности, по што доаѓа препуштањето на Божјето одредение и Неговата одредба:
„А ако нешто цврсто решиш, тогаш на Бога потпри се” (Али-Имран, 159). Значи, цврста одлука најпрво.
Ова го гледаме и од зборовите на Божјиот пратеник а.с. упатени кон некој бедуин (арапски селанец) кој својата камила ја оставил незаврзана зборувајќи дека е доволно што се потпрел врз Бога. „Врзи ја, па потоа потпри се”, т.е. вложи ги сите напори за да ја врзеш, па потоа потпри се на Аллах џ.ш.
Верата е всушност, постојана будност, полна внимателност, самоконтрола и пресметка со самиот себе во секоја работа, при секој збор, мисла, што сепак не се својства на уживател на дрогата.
Вистинскиот уживател на дрогата е оној што сака да избега од одговорноста за своите дела и работи, оној што се залажува дека неговиот миг е кралство, дека за тоа на никого не му одговара, дека нема контрола ниту обврски, па така му е слободно да прави што ќе посака. Каква разлика помеѓу ваквиот човек и оној што себе си се смета за одговорен дури и за најодалечениот сосед, и кој ако остане некој гладен во неговиот народ или на животно ако му е нанесена неправда, тој себеси си приговара дека не ја извршил својата обврска.
Второ, не е точно тврдењето дека верата настанала на земјата, од околност и општествени потреби, за да би била оружје на една класа против друга и како на богаташите би им го штитела нивното богатство, а на сиромашните нивното сиромаштво. Точно е токму спротивното. Исламот е револуција против богаташите, наталожувачите на капиталот, експлоататорите и насилниците. Отворено нагласува дека капиталот не смее да биде само во рацете на богатите кои со него ќе манипулираат и шпекулираат, туку дека мора да стане право на сите луѓе.
„Тие кои собираат злато и сребро и не го трошат на божјиот пат, израдувај ги со болна казна...” (Ет-Тевбе, 34). Ова трошење започнува со зеќјатот од 25%, кој задолжително мора да се дава, а потоа доброволното давање дотаму се зголемува да оставаш за себе само онолку колку што е потребно за прехранување, а останатото го делиш:
“Те прашуваат што ќе делиш? Речи: Се она што ви претекнува преку вашите потреби”.(Ел-Бекаре, 219). Ова се подразбира од зборот „афв” (вишок), кој е употребена во овој ајет.
На овој начин исламот успеал да ги поврзе обврските и доброволните давања, кои се засновуваат на свеста на секој поединец, што е многу поблагородно за човекот отколку од него да се зема неговиот имот со сила и конфискација.
Исламот не дошол да го потврди и зацврсти насилството, туку, навистина бил бескомпромисна револуција против сите насилници, сабји и војни на сите угнетувачи и деспоти.
Што се однесува до обвинението дека верата е реакционарна и класна, што неупатените го “гледаат” од ајетот:
„Бог ве воздигнал едни над други во стекнување на рискот” (Ен-Нахл, 71) и, „И Ние ве воздигнавме едни врз други по положбите” (Ез-Зухруф, 32), на нив им одговараме дека овие ајети можат да се применат на оние во Лондон, Париз и Берлин. Исто колку на и на нас во Каиро, Дамаск и Џида. Ако прошетаме по улиците на кој било од овие градови, би се увериле дека јаваат на велосипеди или се возат во најлуксузни кола. А што е тоа другото ако не разлика произлезена и заснована врз потреби, степени и економски положби на луѓето.
Разликата помеѓу луѓето е вистински факт, кој не може никој да го избрише. Како да се израмни нееднаквото?! Луѓето од мигот на своето раѓање се нееднакви според своите способности. Крајна цел, кон која тежнееле сите економисти во историјата, била на луѓето да им бидат дадени подеднакви шанси, а не да дојде до изедначување на тие луѓе. Тие движења оделе кон тоа на сите да им биде овозможено школување, лечење и осигурување за она што е нужно за неговата егзистенција. А сето ова го наложува верата. Што се однесува до потполното бришење на разликите и укинување на степените сметаме дека тоа би било еден вид насилство и акт што би противречел на самата природа, која е заснована и опстојува врз разликата помеѓу живите суштества. Разликите се видливи и во растителниот и во животинскиот свет.
Ова е закон на целокупното постоење, чија смисла е сосема очигледна. Кога сите луѓе би се раѓале со исти особености и врз еден калуп и мостра, тогаш не би имало потребе да се раѓаат сите. Би било доволно да се појави еден пример, оти тој би можел да ги надомести сите други. Ист е случајот со сета природа. Ова би довело само до осиромашување на природата и нејзино пропаѓање, бидејќи нејзиното богатство и нејзината обилност се резултат на разновидноста и различноста на семењата, плодовите итн.
И покрај тоа верата не ја премолчела разликата помеѓу богатите и сиромашните, туку наредила исправување на постоечката ситуација. На сиромавиот му го одредила делот во имотот на богатиот, давајќи јасно до знаење дека оваа разлика меѓу нив, впрочем е искушение и испит:
„Едни на други ве сторивме искушение. Ќе бидете ли трпеливи?” (Ел-Фуркан, 20).
Ние ќе видиме што ќе направат посилните со својата сила. Дали ќе им помогнат на послабите или ќе ги тепаат и убиваат и бидат насилници на Земјата. Исто така ќе видиме што ќе сторат богатите со своето богатство. Дали ќе прават неправди и расипништво, или ќе бидат милозливи и ќе прават(хајрати) општи добра. Ќе видиме и што ќе направи сиромавиот со својата сиромаштија. Дали ќе љубомори, мрази, краде или ќе работи, ќе се труди да го крене стандардот на својот живот на законски дозоволен и на праведен начин.
Верата наредува правдина, исправување на дадената ситуација, и сите да добијат подеднакви можности. Се заканува со жестока казна на оној свет за кој вели дека на него ќе има поголема разлика за да се исправи она што било неправедно на овој свет:
„И вистина е вечниот живот многу поголем по положбите и по вредностите” (Ел-Исра, 21).
Тие што го обвинуваат Исламот со зборовите дека тој е реакционерен, одговараме дека тој донел прогресивни промени. Почитувањето на личноста во Исламот го достигна својот врв. Тоа дошло пред повелбата за правата на човекот и во се ја надминало, оти индивидуата според Исламот е еднаква на целото човештво:„Кој ќе убие некого неправедно или со цел за сплетки на Земјата е исто како да го погубил целото човештво, а кој ќе спаси живот на еден човек, како да ги оживеал сите...” (Ел-Маиде, 32).
Не вредат никакви успеси, ниту подобрување на материјалните услови, ако за тоа се убие или му се стори насилство макар и на еден човек, зашто тоа е рамно како на целото човештво да му е направено истото.
Исламот и придава големо значење на индивидуата. Таа има апсолутна вредност според Исламот, додека другите учења и ,придаваат релативно значење. Таа е осигурена во својата куќа и во својот личен живот(нема шпијунирање ниту озборување), во својот имот, посед и слобода. Почнувајќи од селамот (поздравот), правење на место на друг па се до убавиот збор, си има свое место во Кур’анот, кој најстрого осудува секаков вид на самоволие, насилство и апсолутизам. Аллах џ.ш. му вели на Мухамед а.с. во еден ајет:
„Немаш овластување со сила да ги водиш кон правиот пат” (Каф, 45).
„Опоменувај, зашто ти си само опоменуваче Ти немаш власт над нив” (Ел-Гашије, 21).
„Правоверните се само браќа” (Ел-Хуџурат, 10). Кур’анот го забранува култот на личноста.
Потоа го забранува викањето, лактањето, нискоста и поведувањето по заскитаните па вели:
„Повеќето луѓе не знаат” (Јусуф, 21).
„Многумина тоа не го сфаќаат” (Ел-Анкебут, 63).
“Многумина не веруваат”(Ќафир, 59).
“Тие ги следат само заблудените и само на лагите се одржуваат”(Ен-Ен’ам, 116).
“Тие се како животни а, можеби и уште повеќе од нив се заскитани”(Ел-Фуркан, 44). Исто така забранува секаква дискриминација и расисам.
“Навистина е кај Бога најблагороден оној кој најцврсто се држи до Божјите упатства.”(Ел-Хуџурат, 13)
“Бог е оној кој ве создал од еден човек”(Ел-Е’араф, 189).
Научно разбран Исламот е универзално дијалектичка синтеза на еврејскиот материјализам и на христијанскиот идеализам, синтеза на строгата правдина која вели заб за заб, око за око и крајната толеранција, која учи ако те удрат по едниот сврт го другиот образ. Кур’анот дошол да ја заземе средната позиција помеѓу Тевратот (Тората), која сета е свртена кон овој свет и материјалното уживање во овоземниот живот, и Инџилот (Библијата), која пак бара аскетизам(воздржување од уживања) на овој свет. Кур’анот повикува на милост која опфаќа правда и љубов. Ја налага самоодбраната, но им дава предност на извинувањето, опростот и помирувањето.
“А кој се возджи и стрпи па прости, навистина тоа ќе биде едно од најважните и најпретпазливите големи дела” (Еш-Шура, 43).
Исламот го одбрал средното решение помеѓу давање на потполна слобода за индивидуата и нејзино одземање.
„На луѓето им припаѓа дел од она што сами го заработиле, а и на жените им припаѓа дел од она што го заработиле” (Ен-ниса, 32).
Личноста е слободна да заработува, но таа нема право на сета заработка, туку само на дел. Зема дел од 2.50% па до 90% со сила или доброволно. Овој дел што сиромавиот го зема не е милост, туку е Божје право во заработката. Со ваквата распределба Исламот ја сочувал слободата на личноста, а го заштитил правото на сиромавиот. Кур’анот е сосема во право кога им се обраќа на своите припадници со зборовите:
„Така Ние ве сторивме заедница, која се познава по знаењето и работата, по праведната и вистиносна постапка, за да бидете водечки луѓе” (Ел-Бекаре, 143).
Исламот во се ја одбрал правичната средина.
Не е тоа математичка туку дијалектичка средина, синтеза помеѓу два правци(десница и левица), кои преовладуваат и се воздигаат над нив. Затоа во исламот нема ниту левица ниту десница, туку само Сират, т.е. праведна средина, која ние ја нарекуваме Вистински пат.
Кур’анот не не сопрел со одредени политички устави или детални начини на управување, оти тие услови се менуваат, што бара пронаоѓање најдобри решенија за донесување на устав, кој би се менувал со животот. Кур’анот сакал тие врати да бидат постојано отворени за муслиманите заради земање и давање од остварените знаења за секое време без затварање во рамките на еден одреден устав.
Затоа и се задоволил Кур’анот со општи одредби како особености на идеалната власт. Не не оковал со ниту една теорија. Ова е само една од тајните на неговото апсолутното совршенство, а не некаква маана или недостаток.
Тоа од друга страна е доказ за современоста на Кур’анот.
На оние што зборуваат дека верата значи стагнација и скаменување им одговараме дека Исламот тоа никогаш не бил, туку тој е проучување, размислување, развој и промена, што се гледа од овие јасни ајети:
„Кажи: Патувајте по земјата и гледајте како Бог ги извел суштествата” (Ел-Анкабут, 20).
“Нека човекот погледне од што е создаден...Создаден е од излиена вода (сперма) која излегува од грбните и плеќните кости...”(Ел-Тарик, 6-7).
“Зарем тие не ќе погледнат во дева како е создадена и во небото како е издигнато и во ридовите како се всадени и во Земја како се распоредени...” (Ел-Гашије, 19).
Се се ова отворени заповеди за проучување на постанок на човекот, животните, настанокот на ридовите, Земјата, слоевите на космосот и неговите светови. Се се ова ставови кои опфаќаат се она што ние денес сфаќаме под назив геологија, астрономија, анатомија, физиологија, биологија, ембриологија итн.
Многу ајети се заповеди да се патува по земјата и да се присобираат факти, потоа да се донесат заклучоци, да се откриваат прописи и закони за се што постои. Во сето тоа не треаба да се плашиме од грешки. Исламот го наградува оној што сакајќи да спознава ќе погреши - со една награда, а оној кој проучувајки ќе погоди - со две награди(двојно).
Неосновано е тврдењето дека ние сме заостанале заради верат, а дека Западот напредувал затоа што ја отфрлил верата. Вистина е тоа дека ние почнавме да заостануваме оној момент кога ја напуштивме нашата вера. Додека се држеа муслиманите цврсто до Кур’анот и неговите упати, создадоа силна држава која се простираше од Атлантик до Арапскиот залив . Во неа цутела науката и живееле големи умови како Ибн Сина, Ибн Рушд, Ибну Хејсем, Ибну Нефис, Џабир б. Хајјам и др. Останатиот тогашен свет од нас ги преземал научните факти и достигнувања.
И ден денес астрономските речници содржат арапски имиња на звезди и созвездија.
Западот не напредувал заради отфрлање на верата, туку заради подемот на науката. Споровите помеѓу науката и верата настанале од средновековната црква, која ги гонела научниците со инквизицијата. Така научникот Галилеј бил затворен, а Џордано Бруно бил спален на ломача.
Не велиме дека тоа не било злоупотребување на верата, но не можеме да го прифатиме мислењето дека за тоа треба да се обвинува Исламот, кој е најмалку крив, бидејќи не пропагира такви овластувања на верата и не признава хиерархија во свештенството. Во Исламот Бог не дал посредник помеѓу Себе и човекот.
Од историјата јасно се гледа дека Исламот кога владеел бил најсилен фактор за напредувањето, тој потстакнува кон науката и поучување и одлучно отфрла секаков конфликт помеѓу верата и науката:
„Кажи: Боже, зголеми ми го знаењето “ (Таха, 114)
“Дали се еднакви оние кои знаат и оние кои не знаат?”(Ез-Зумер, 9).
“Посведочува Бог дека е Тој само еден единствен и мелеците и учените тоа го посведочуваат...”(Али Имран, 18)
Како се гледа од последниов ајет, Аллах џ.ш. веднаш до себе ги ставил мелеците и учените .
Првите зборови што му биле упатени на Мухамед а.с. беа: „ Икре... т.е. учи, читај, истражувај, студирај...”.Кур’ан на учените им ветува најголеми степени:
“Бог ќе ги возкрене на високи степени помеѓу вас оние кои веруваат и на кои им е дадено знаење”.(Ел-Муџаделе, 11)
Зборот ел илм (наука, знаење) и изведените зборови од него се повторуваат 850 пати во Кур’анот.
Па како некој по сето ова може да зборува за судир помеѓу науката и верата или пак дека верата ја забранува науката.!!! Да се изучува верата е должност.
Целата историја на Исламот претставува движење за заживување и напредок на животот. Зато Кур’анот е потполно чист од обвиненијата дека ја забранува науката. Тој го прифаќа и го заговара развојот. Тој вели дека вербата и Шеријатот се непроменливи, засновувајќи го ова врз: Бог е еден и единствен. Доброто е секогаш добро, злото зло. Никогаш убиството нема да биде добро, а ниту крадењето добро дело, како што ни лагата не може да биде накит на добрите и поштени луѓе. За сето останато верата ја остава вратата отворена за иџтихадот во дополнувањето и унапредувањето.
Суштината на Исламот е рационална и логичка. Тој е за полемика, дијалог, разум и логика. На повеќе места во Кур’анот се вели:
Зар не разбираат... Зар не сфаќаат... Исламот бара муслиманите да бидат учени.
„Кај Бога се најлоши оние суштества кои се глуви и неми, кои ништо не разбираат” (Ел-Енфал, 22)
“Зашто тие не патуваат по Земја, па да имаат срца, со помош на кои ќе дојдат до поуки, и уши, со помош на кои ќе слушнат”(Ел-Хаџ, 46)
Од наведените ајети се гледа колку муслиманот и неговата вера го почитува разумот. Позитивноста и револуционерноста се главен нерв, односно душа на Исламот, кој никогаш не можел да биде назаден и негативен.
„Борете се на Божјиот пат против оние кои се борат против вас” (Ел-Бекаре, 190).
„Навистина Аллах ги сака оние кои се борат на Неговиот пат во цврсти редови, како да се зид, цврсто споен и врзан” (Ес-Сафф, 4).
Исламот наложува борба со животот, имотот и семејството. Бара цврстина и решителност, смело соочување и трпеливост во несреќите, но пред се бара постојаност. Ова е сржта на Исламот.
Како е можно тогаш ваквата вера со вака еластични и рационални погледи да се обвинива за назадност?! Таквото обвинение може да биде само од човек кој не познава ништо од својата вера и не прочитал една буква од Кур’анот.
Д-р Мустафа Махмуд
Последни текстови:
|
|
|
|