Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

СТАВ НА ИСЛАМОТ КОН ЖЕНАТА
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007

Рече пријателот:
-Не се слагаш ли со мене дека ставот на исламот кон жената е реакционерен? -Пријателот почна да набројува: Повеќеженството, врзаноста на жената за куќата, покривањето, правото на човекот на развод, правото на човекот за употреба на средства како што е физичката сила и одбивање на спиење со жената, право на мажот на„жените со кои располага”, поголемата положба на мажот во однос на жената, и два пати поголем дел во наследството.
Му кажав:
-Обвинувањата се овој пат многубројни та и разговорот ќе трае нешто подолго. Да тргнеме од почеток. Во предисламскиот период женското дете со раѓањето се стекнувало единствено со правото да биде живо закопано. Мажот имал право на десет, дваесет, со други зборови на неограничен број на жени. Своите робинки ги принудувал да му заработуваа по пат на проституција. Со дозволувањето на бракот со најмногу четири жени, Исламот всушност востановил ограничување на повеќеженството и тенденцијата за жената, бидејќи ја спасил од срамота, понижување, поробеност и најбруталното - присилната смрт. За да не го образлагаме ова посебно, да се запрашаме дали современата жена во формалните услови на моногамниот брак е стреќна, задоволна и е на вистинско ниво на човечкото достоинство, кога знаеме дека е задлабочена во живот во кој царува развратот и неморалот од секој вид. Што е подостинствено за жената: Да биде втора жена во законит брак со сите права или да биде љубовница што во тајност бара физички задоволства?
Покрај тоа Исламот така го условил повеќеженството, што тоа е практично невозможно. Имено, бракот со две, три или најмногу четири жени му е дозволен само на човекот, кој може да биде еднакво праведен кон нив:
„Ако се плашите дека нема да можете да бидете праведни кон секоја, тогаш задоволете се само со еднае” и „ Вие сигурно нема да можете да бидете еднакви кон жените и да го сакате тоа” (Ен-Ниса, 31, 129).
Што се однесува до врзаноста на жената со куќата таа како заповед се однесува само на жените на Божјиот пратеник, бидејќи тие се земаат како примери за идеални жени:
„И останете во своите куќие” (Ел-Ахзаб, 33). Од ова се гледа дека исламскиот заговор за жената како мајка и домаќинка, жена која во целост се оддава на своето семејство и куќа.
Меѓутоа Исламот не и го забранил на жената излегувањето вон куќата и занимавање со различни работи, ако тоа потребите го побаруваат. Меѓудругото од историјата на исламските народи знаеме за многу жени кои се потврдиле како врвни правници и поети. Муслиманките учествувале во борбите еднакво како што учествувале во сите останати области на културниот живот.
Наведениот ајет ја покажува визијата на идеалната состојба на жената, а помеѓу идеалното, можното и реалното секако постојат разлики. И жените на Божјиот пратеник оделе заедно во борба со него.
Да го разгледаме сега приговорот заради покривањето на жената. Ќе кажеме веднаш дека тоа оди во прилог на жената и нејзиното достоинство. Исламот го дозволил откривањето на лицето и рацете, а го забранил откривањето на останатите делови на телото. Стара вистина е дека „забранетото овошје” е најдраго; покривањето на одредени делови од телото само ја зголемува привлечноста и желбата за нив. Доста одамна е откриено декаво племињата каде што се откриени жените и нема љубовни чувства. Мажите со жените се состануваат само еднаш месечно, а ако таа забремени тогаш односите се намалуваат еднаш на две години. И во нашето искуство имаме безброј примери, кои ја потврдуваат оваа вистина. Голите женски тела кои не опкружуваат на плажите немат дразнеж, привлечност и предизвикливост како кога се покриени. Неоспорно е дека на жената и е важно пред се да биде посакувана и дека сепак најмногу ја деградира она што ја укинува нејзината привлечност.
Шт се однесува до приговорот за правото на мажите на развод, ќе бидеме сосема кратки. Исто како што може мажот да го растури бракот по судски пат, тоа исто така и на ист начин може да го направи и жената ако има причина за тоа. Од друга страна жената при склопувањето на бракот може да го услови стапувањето во него со можност да излезе од него.
Освен тоа постои и една битна разлика помеѓу муслиманката и европската жена. При засновувањето на бракот муслиманката добива мехр (дар), а жената на запад донесува мираз. Муслиманката потоа сосема слободно располага со својот имот, додека со имотот на Европјанката располага нејзиниот маж.
Правото на мажот да користи и физички средства и напуштање на брачната заедница се однесува само на оние жени кои ќе покажат некакви сексуални или брачни настраности. Се работи главно за две најраширени и психолошки објаснети настраности: мазохизмот и садизмот.
Во првиот случај жената сака да биде мачена физички, а во другиот таа да го мачи мажот. Ова може да се разбере како кур’анска муџиза бидејќи многу порано од какви и да е истражувања, ја констатирал оваа појава, својства и однос кон нив допуштајќи му на мажот да жената мазохистка ја лечи со лекот кој таа го сака, а тоа се физичките удари, а жената садистка со напуштање на нејзината брачна постела:
„Оставете ги сами во постелата и удрете ги...” (Ен-Ниса, 34). Овие два збора содржат цели томово на психолошки истражувања за сексуалните настраности на жената и нејзино лечење.
Што се однесува до приговорот на правото на мажот кон „жените со кои располага”, правилното разбирање претпоставува објаснување на односот на Исламот кон ропството. Познат е обидот на некои ориенталисти да го обвинат Исламот дека тој повикува на ропство, иако Исламот како што и ќе покажеме е единствена вера што повикува на негово укинување.
Ако ја погледнеме Библијата (Инџил) и ги разгледаме зборовите на апостол Павле од неговите Посланици упатени на населението на Ефсус, ќе најдеме отворено повикување на ропоство, односно, вистински заговор за покорност на робовите на господарите, покорност што е еднаква на покорноста кон Бога.:
„Еј робови, покорувајте им се на своите господари со страв и понизност на своите срца како и кон Бога!”
Инџилот не барал укинување на ропството како систем. Неговата крајна цел било воспоставување на љубовта и убавото однесување помеѓу робовите и господарите.
Според постоечкиот Теврат среќата на слободните луѓе е полоша од онаа на робовите. Некои од неговите препораки се: населението што ќе се предаде без борба се носи како робје, а населението што се бори и брани се убива. Од ова не се поштедуваат ниту жените, нити децата, ниту старците.
Ропството било, значи, пред појавата на Исламот воспоставена и раширена појава, а останатите вери ја препорачувале покорноста кон господарите.
Кур’анот е првата објавена книга, која говори за ослободување на робовите. Тој не го забранил категорички ропството и на барал отпуштање на робовите, бидејќи тоа тогаш би значело распаѓање на целата социјална структура на тогашното општество. Тоа би значело излагање на стотина иљади просјаци кои бараат милост, или би краделе, пљачкосувале, се проституирале и слично. Непотребно е да се истакнува дека тоа би било полошо и од самото ропство. Затоа Кур’анот воспоставил најприфатлив пат а тоа е постапноста во ликвидирањето на ропството. Тој почнува така што прво го затвора тогашното ропство и потоа ги руши неговите извори. Во тоа време заробувањето во војната било најголем извор на ропството. Па така Кур’анот наредил ослободување на заробениците со или без надомест, и го забранил претворањето на заробениците во робови:
„...И потоа великодушно ослободете ги без или со надомест!” (Мухаммед, 4).
Откако што ги ликвидирал изворите на новите ропства, значи го оневозможил неговото понатамошно ширење Кур’анот извонредно со практични и ефикасни средства го отворил патот за укинување на ропството. На муслиманот што ќе стори некаков грев, Кур’анот како форма на откупување го понудил ослободувањето на робовите со тоа што тежината на гревот е усогласена со бројот на робовите што треба да бидат ослободени. Во поглед на ропството на жените за кои зборува нашиот пријател, ситуацијата е во согласност со горе кажаното. Но, меѓутоа треба да се забележи дека се до конечното укинување на ропството мажот има право да постапува со робинката како и со својата законска жена, но и единствено така. Ако го имаме предвид односот кон робинката како кон законитата жена, за неа тоа е чест а не понижување.
Исто така треба да бидеме свесни дека Исламот со својата прокламација за братството на луѓето и робовите ги израмнил со неговиоте господари:
„Правоверните се браќа” (Ел-Хуџурат, 10).
„Тој ве создал од една душа” (Ел А’раф, 189).
„... да не ги сметаме некои меѓу нас за богови наместо Бога...” (Али-Имран, 64).
Мухаммед а.с. со личен пример покажа како треба да се ликвидира ропството. Тој робот Зеид б. Харис прво го присвоил потоа го ослободил, а потоа го посинил. Уште повеќе го венчал со Зејнеб, ќерката на една угледна благородничка фамилија - Џахшо. Мухаммед а.с. ова го сторил за да ги урне еднаш засекогаш сите видови на терор и пристраност. Ослободувањето на робовите го направил пракса која муслиманите, неговите следбеници требале да го следат. Тој понатаму со личен пример покажал дека е негова мисија токму тоа, ослободувањето на човекот од сите ропства, освен од ропството кон Бога. На приговорот што се однесува на ајетот во кој Кур’анот ја регистрира поголемата способност на луѓето кога ќе се споредат со жените и тоа во поефикасно извршување на (некои) обврски, одговараме така што му велиме на пријателот малку подобро да ја погледне животната реалност, фактичката состојба во исламскиот и во неисламскиот свет. Речиси во сите земји на светот мажите се тие што имаат власт. Тие ги донесуваат законите и прописите. И сите Божји пратеници биле мажи. Слична е и состојбата со философите а и со композиторите иако самото компонирање повеќе се ослонува на мечтата отколку на мускулите. А кога (египетскиот книжевник и мислител) вели со иронија дека дури и готвењето, шиењето и модата се работи кои се ценат како специајлности на жените, неретко се подрачје во кое мажите ги надминуваат жените.
Се се ова факти во кои исламското право нема удел, оти тоа се општи појави во целиот свет, и таму каде што исламското право не владее ниту се суди според Кур’анот. Се се ова вистини. Човекот е по издржлив, посилен, од жената според законот на природата, благодарејќи и на градбата на своето тело со која Создателот го дарил. Ако некаде во светот и се случи жена да биде именувана за министер, лидер или владетел, тоа е реткост и исклучок кој го потврдува правилото, принципот.
Освен тоа, овде е потребно да се нагласи дека Исламот само го регистрирал веќе постоечкото правило.
По сето кажано, станува потполно јасен ставот на Исламот во однос на наследството кога пропишува мажот да наследува два пати поголе дел од жената. Кур’анот оваа предност им ја дал на мажите бидејќи мажот е тој кој мора да троши на издржувањето на целото семејство од она што ќе го заработи. Тој не смее да допира во имотот на својата сопруга без нејзина дозвола.
Од кажаното се заклучува дека ставот на исламот кон жената е на место и правилен. Односот на Мухаммед а.с. спрема своите сопруги бил олицетворение на љубов. Покажувањето наклонетост и нежност кон нив. Зар не рекол тој дека му се драги од нашиот свет - жените и мирисите а најголемата радост му е во намзот. Како што се гледа од неговите зборови жените се спомнати заедно со мирисите и намазот што всушност претставува врв на почитување на жената. И во својот проштален говор упатен на асхабите, кога се разделувал од овој свет, завршил со аманетот да се однесуваат убаво со своите супруги.
И на крајот семожниот Аллах џ.ш. на мажот му ја доверил изградбата, уредувањето на животот, но на жената и подарил многу поголема, позначајна, потешка и почесна улога: и доверил да го одгледува и расне самиот човек. Оваа доверба претставува најголема чест на жената. Па може ли након сето ова да се тврди дека Исламот бил неправеден кон жената и дека и сторил насилство?!!

Д-р Мустафа Махмуд


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025