Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

СОВЕСТ
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007

Кажа пријателот мој:
-Вие за совеста зборувате така како таа да е нешто апсолутно, иако совеста е само еден од општествените производи: ништо повеќе од една алуминиумска паричка, жигосувана и обликувана во печката на општественото дејствување. Ние сметаме дека совеста ги менува своите принципи и закономерности зависно од тековните интереси. Таа значи не е апсолутна. За вредноста што ја користи велиме дека е добро, а за вредноста која штети велиме дека е зло па макар таа вредност да е и самата чедност на која сте и приврзани и вие како на своите очи.
Му кажав на пријателот задржувајќи ја при тоа својата смиреност:
Да...Тоа мислење е од материјалистичката философија...како што слушам ...совеста е власт на опоменувањето, никнато од општествените фактори. Всушност, совеста не е ништо друго освен собирање на искуството, кое како такво се разликува од личност до личност, зависно од времето и нацијата. Така вие мислите и зборувате.
Но, правата вистина е нешто сосема друго.
Совеста е светлина која Аллах џ.ш. ја внел во човековата природа. Таа е водич, бусола и показател со кој се раѓа човекот. Ова светло не води кон вистината. Сета улога на општествениот фактор се сведува на тоа дека се чисти стаклото на бусолата.
Ние имаме многу докази кои кажуваат дека нашето тврдење е вистинито а твоето го демантираат. Ќе споменеме само некои од нив:
Да ги земеме на пр. животните, кои не го познаваат општествениот живот во таа смисла. Во него има безброј неверојатни нешта. Мачките на пример по исфрлањето на изметот се свртува за да го покрие со земја. Во кое мачкино друштво го научила тоа? Откаде пак тоа да ги разликува чистотијата и нечистотијата? Понатаму, ја гледаш мачката како ја зграпчува рибата и кога ќе ја фатиш на дело и ја удираш поради тоа, забележуваш како се покорува и како трепка, чувстувајќи дека сторила нешто што е забрането. Ја гледаш како, играјќи се со децата, ја соборува вазната која се разбива. Што се случува тогаш? Мачката во страв бега и се крие под стол, чувствувајќи дека направила нешто за што би можела да биде казнета.
Сето ова се сведоштва и манифестации на постоењето на совест.
Во царството на мачките не постои потреба за настанување на овие чувства. Покрај тоа ние знаеме дека во основа не постои „Мачје општество”.
Да видиме сега еден друг феномен, обичајот на брачна верност кај гулабите и да размислиме за него. Да го разгледаме и да се обидеме од поблиску да ја разбереме благородноста на коњот кон својот господар, воздигањето на лавот во однос на тоа да не ја напаѓа жртвата од зад грб, срамот на мажјакот камила и неговото прекинување на половиот акт кога ќе забележи дека некој го гледа. Потоа тука е случајот со лавот и скротителот на лавовите во Националниот циркус во Каиро, кога лавот од зад грб го нападнал скротителот Мухамед Ел-Хилва и кога му ги забил шепите во грб смртно го ранил. Што потоа се случило со лавот, дознаваме од службениците на споменатиот циркус. Тие велат дека лавот по тој инцидент се воздржувал од земање на јадење. Се повлекол во својот кафез и не се мрднал од таму. Го префрлиле во една од Зоолошките градини. Му пуштиле една женка, за да се забавува. Тој и неа ја ранил и ја избуткал надвор. И понатаму се воздржувал од земање на храна. Потоа почнал да ја гризе својата „грешна” нога, парчосувајќи ја дел по дел. Ногата крварела се додека лавот не изумрел.
Што гледаме: Зверот извршува самоубиство, каејќи се за својот злостор. Од кое општество во царството на лавовите овој лав ги научил овие обичаи и дали во неговото општество ранувањето на човекот се казнува со самоубиство? Ние сме овде пред факти на благородност, морал и совест која мошне често не ја среќаваме ниту кај луѓето. Ние сме пред потполн неуспех на какво било материјалистичко толкување и појмување на совеста. Единствено вистинско толкување, кое го истакнавме на почетокот, е она кое гласи дека совеста Аллах џ.ш. ја всадил во човековата природа и дека севкупната улога на социјалниот фактор се гледа во тоа дека тој прави притисок да се чисти р’ѓата на човековата душа, за да може полесно да ја досегне светлината на Аллах џ.ш. Ете така може да се протолкува и случајот на лавот. Заедничкиот живот и заемната љубов ја прекалиле неговата душа која благодарејќи на тоа успеала да ја запали светилката на милозливиот. Видовме дека лавот, по настанот, бил мошне ожалостен. Тој се кае и на крајот врши самоубиство заради она што го сторил, однесувајќи се како човек.
„Што е дозволено (халал) јасно е, а што е забрането (харам) објаснето е...” како што вели Мухамед а.с. „Барај објаснување од своето срце, иако си го добил од луѓето!”
Не е потребно да се заврши шериатски факултет за да се знае што е исправно а што е погрешно, што е вистина и што е невистина, за да би се разликувал харамот од халалот. Во срцето на секој од нас Аллах џ.ш. ставил правен факултет и мера што ја покажува вистината. Се што се бара од нас е да ги очистиме душите од наслојките на материјата и нагоните, да погледнеме, сознаеме и да можеме да разликуваме што е што без стапчето што се вика општествено искуство, туку со Божјата светлина, која се вика совест.
„О, верници, ако вие се придржувате до Божјите прописи и се чувате од Неговите забрани, Тој ќе ве упати да можете да ја разликувате вистината од невистинатае” (Ел-Енфал, 29).
Аллах џ.ш. вели во еден хадис-кудсија, а се пренесува од суфијата Мухамед б. Абдил Џебар:
„Како можеш да очајуваш од Мене, а во твоето срце се наоѓа Мојот пратеник и оној што зборува во Мое име”.
Совеста е непроменлива вистина. И основните морално-етички вредности се исто така непроменливи. Да се убие невин и недолжен човек нема никогаш да стане вредност како и кражбата, лагата невредата, прељубата, грубоста, непристојноста, лицемерноста, предавството...Се се ова недостатоци и како такви ќе останат за век векови.
Од друга страна љубовта, сочувството, искреноста, благоста, опростот и добродетелството се вредности што како такви ќе останат за сите времиња освен ако се сменат небото и земјата и лудоста завладее и го снема разумот.

Д-р Мустафа Махмуд


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025