Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
ДАЛИ ОБРЕДИТЕ НА ХАЏОТ СОДРЖАТ ЕЛЕМЕНТИ НА ИДОЛОПОКЛОНЕНИЕ
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007
Кажа пријателот, триејќи ги рацете од радост, лукаво потсмевнувајќи се додека му светкаа очите со светникавост што може да се забележи на лицето на боксерот во моментот кога се подготвува да го нокаутира противникот:
-Зар не воочуваш заедно со мене дека тие обреди на хаџот кај вас се јасно идолопоклонение... таа камена градба што ја нарекувате Ќаба и околу која се триете и која ја обиколувате, па каменувањето на шејтанот, потоа трчањето помеѓу Сафа и Мерва, потоа љубењето на Хаџерул-есвед (црниот камен), приказната за седумте обиколувања(таваф), седумте каменувања и седумте трчања- се се тоа приказни што се спомнуваат во старите шарлантании, потоа одеждите-ихрами, кои ги облекувате на голите тела..прости ми ако те навредив со оваа своја отвореност, оти во науката нема срам.
И пријателот почна полека да го испушта чадот од својата цигара, следејќи ме од под своите очила.
Му кажав сосема мирно:
-А зар ти не воочуваш заедно со мене дека според законите на материјата, кои си ги проучувал, помалите делови кружат околу поголемите па гледаме дека електронот во атомот кружи околу јадрото, Месечината околу Земјата, таа околу Сонцето, тоа во Галаксијата, Галаксијата околу поголема Галаксија, додека не стасаме до „Апсолутно Најголемото”, а тоа е Аллах џ.ш.. зарем не велиме „Аллаху екбер”-Аллах е најголем. Па така согласно со научниот закон твој, околу Него како најголем, нужно е се останато да се врти. И ти во овој миг кружиш околу Него во склоп на Сончевиот систем и не ти преостанува ништо друго до освен да продолжиш да кружиш. Во целата вселена нема ништо непроменливо освен Аллах џ.ш. кој е како таков Неограничен, Апсолутен, Постојан. Се се врти околу него. Ова е законот на односот помеѓу помалото и поголемото, кој ти е познат и од физиката.
А што се однесува до нас, ние со драга воља кружиме околу Бејтулах (Ќаба), првата зграда која човек ја зел за да во неа Го обожува Бога. Таа како прво Богомолиште во историјата на човештвото стана симбол и Божја куќа. Зар нема во светот случаи да се посетува некој што е умрен и чие посетување се правда со тоа дека дека му користел на човештвото. Покрај тоа тука се голем број на големци чии гробови се непознати, а кои сигурно би ги посетувале да беа познати. Тука се и гробовите на оние што верниците редовно ги посетуваат. Па зошто тогаш нам да ни се преговара што ние ги фрламе каменчињата на симболичниот спомеинк за кој велиме дека го симболизира шејтанот. Зарем не живееш во трка и брзање од раѓање па до смртта, за да по твојата смрт твојот син започне да се трката од почеток. Таа трка, всушност е симболична трка која започнува од Сафа,збор кој значи чистина, празнина, пустелија, што е се симбол на непостоење, па до Мерва, чиј назив означува извор кој е симбол на животот и постоењето. Не е ли тоа, всушност, трчање од непостоење во постоење, потоа од постоење во непостоење е и не е ли ова нужно движење на сите суштества. Зар, по сето ова во обредите на хаџот не гледаш длабоко симболично резиме на сите овие тајни?
А што се однесува до бројот седум (видовме дека некои хаџски обреди се вршат седум пати) кој ти го исмејуваш, дозволи да ти, пред да укажам на неговата тајна, поставам неколку прашања. Можеш ли да ми кажеш во што е тајната па музичките ноти завршуваат со број седум: Сол, ла, си, до, ре, ми, фа? Бројот на степените на светлосниот спектар е исто така седум, како што и електроните кружат околу атомското јадро на седум патеки. До потполното формирање на детето во утробата на мајката доаѓа во седмиот месец и ако тоа се роди пред ова, обично не останува живо. Кај сите народи на светот неделата има седум дена иако немало никаков договор за усогласување на тој број. Зарем сето ова не зборува дека бројот седум сепак има некоја своја тајна? Или сето ова се обични сплетки?
Зарем не се случило да го бакнеш писмото од твојата сакана? Дали само со тоа би станал идолољуб? Зошто не осудуваш нас и не напаѓаш само затоа што го љубиме Хаџе-рул-есвед, кој Мухамед а.с. го носел на својата облека и го бацил. Нема ништо идолатриско во тоа. Ние при вршењето на верските обреди не обрнуваме внимание на каменот, туку трагаме за длабоки значења, симболи и спомени на кои тој потсетува.
Обредите на хаџот, од друга страна представуваат извонредна можност за активирање на мислите, оживување на сетилата и продлабочување на таквалукот во срцето. А што се однесува до наметките кои ги носат хаџиите за време на хаџот, а кои не смеат да бидат шиени, тие всушностт симболизираат одрекнување од сите украси на овој свет и полно ослободуваање на човекот, кој му се покорува само на Аллах џ.ш. Човекот доаѓа на овој свет во обвивка, заминува од овој свет во обвивка и во кабур бидува положен во обвивката. Сето ова се симболи ихрами. Зарем не гледаш како протоколот бара во свеченостите да се биде во свечено одело и ако се постапи поинаку правилото на бонтон би било повредено. Ние велиме:
Само пред големината на Аллах џ.ш. паѓаат сите украси и се отфрлуваат сите украси на овој свет. Само Аллах џ.ш. заслужува човекот да му биде потполно предаден и понизен. Покрај тоа ихрамите ги носат сите без разлика дали се богати или сиромашни зато што сите луѓе пред Аллах џ.ш. се исти, и тоа укажува на браството на сите луѓе без разлика на положбата и богаството.
Хаџот е наш голем собир, годишен конгрес на муслиманите од целиот свет. Џума-намазот е неделен конгрес.
Во сето кажано има убави поуки и мисли со длабоко значење за секого што размислува и паметно просудува. Ништо во ова нема црти на идолопоклонение.
Кога би стоел со мене на Арафат во моментот кога неколку милиони верници велат:Аллах е најголем и го учат Кур’анот на неколку десетици јазици и извикуваат „Ти се јавувам, о Боже!”, плачат и горат од желба и занес, па и ти би заплакал од восхит и радост што ти се укажала таква можност да се најдеш со таа огромна маса пред Семожнит Аллах џ.ш. кога паѓаат сите големини и убавини на овој свет, пред апсолутниот Господар, кој управува со сите и во чија власт е се.
Д-р Мустафа Махмуд
Последни текстови:
|
|
|
|