Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
СОМНЕЖИ
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007
Кажа пријателот:
-Ти тврдиш дека Кур’анот не е контрадикторен. Па што велиш тогаш за ајетот: Кој сака нека верува, а кој неќе, нека не верува (Ел Кехф, 29) и ајетотот во кој Аллах вели: Вие не можете да сакате ништо друго од она што Аллах го сака (Ел-Инсан, 30). Во еден ајет стои дека грешниците за полагање на сметките ќе бидат прашани: Ќе биде запишано нивното сведоштво и тие ќе бидат прашани (Ел-Зухрф, 19); Навистина е тој (Кур’анот) голема чест и одликување за тебе и твојот народ. И вие ќе бидете прашани (Ел-Зухруф, 44), додека на друго место во Кур’анот стои: И не ќе бидат прашани за гревовите свои, грешниците. (Ел-Касас, 78), бидејќи ќе се распознаваат по своите обележја. Ќе се распознаваат грешниците по своите знаци и по изгледот, па ќе бидат зграпчени за нозете и почелниците. (Ел-Рахман, 41). На друго место во Кур’анот пак се вели дека никој не ќе може цврсто да го врзе злосторникот: Никој не ќе може да врзе цврсти врски. (Ел-Феџр, 26), во смисла дека никој не ќе може врз себе да ја преземе одговорноста за казнувањето на самиот себе: Доста ти е денес својата сметка да си ја рамниш. Во смисла на ова е и следниот ајет: Тогаш вмотајте го во синџири долги седумдесет аршини...
(Ал_Хаккату, 32).
На тоа му реков:
-Овие ајети не се контрадикторни. Да размислиме заедно за нив..Кој сака нека верува, а кој неќе нека не верува ...ајетот е сосема јасен и разбирлив. Тој ја потврдува човековата слобода, која човекот не ја грабнал од Бога, туку таа слобода ја добил како подарок од Господ по негова воља. Следниот ајет само поблиску го дообјаснува ова: Вие не можете да сакате ништо друго од она што Аллах го сака, т.е. човековата слобода е во рамките на Божјаа воља а не е против неа, што од друга страна значи дека човековата слобода може да биде противставена само на Божјето задоволство од што произлегува гревот, но човековата слобода не може никогаш да биде вон рамките на Божјата воља, иако може да биде спротивна на Божјето задоволство. Ова е мошне сложено прашање. Ние пошироко го објаснувавме ова кога зборувавме за детерминистите и индетерминистите, присталиците на узрочноста на човековата воља односно присталиците на слободната човекова воља. Во таа пригода кажавме дека Божјето одредение е истовремено и самоизбор, бидејќи Бог џ,ш. Одбира за човекот она што е во неговото срце и одлука, што значи дека Бог му сака на човекот она што човекот сам на себе си го посакува, т.е. секој човек е управен со она што го одбрал. Сето ова доволно зборува за слободата на избор без најмала присилба, како што вели и јасноста на овој ајет. Инаку, прашањето на слободата на човековата воља е едно од најтешките прашања на кое се бара одговор. Она што ти го гледаш во контрадикциите, навистина е објаснение и дополнување.
За ајетите кои говорат за одговорноста за стореното, потребно е да се каже дека секој ајет се однесува на одредена група прашани. Меѓу нив ќе бидат оние за кои се бара сведочење, потоа оние кои ќе имаат редица гревови па потоа на лицата ќе им се распознава дека се грешници. Тие, како што вели Кур’анот, ќе бидат зграпчени за косата и нозете. Помеѓу прашанита ќе биде и од оние кои тврдоглаво и упорно ги одрекувале доказите. Против нив и нивните раце и нозе ќе сведочат: Тој ден Ние ќе ги запечатиме устите нивни, па рацете нивни ќе зборуваат и нозете нивни ќе сведочат што правеле и што заработиле. (Јасин, 65). Вистина, ќе има и такви кои сами со себе ќе се пресметаат. Сами себе ќе се измачуваат, и горко ќе се каат за можноста што ја пропуштиле. На Денот на пресметките тие ќе го лажат Бога кога ќе дојдат пред Него. Своите лаги ќе ги потпираат со крива заклетва:
„Оној ден кога Аллах ќе ги проживее заедно, тие ќе Му се колнат, како што и вам ви се колнеа сметајќи дека со тоа нешто постигнале и направиле. Знај добро! Тие навистина се лажговци” (Ел-Муџаделе, 18). Тие ќе бидат врзнаи со синџири. Ебу Хамид Ел-Газали вели дека се тоа синџири причинители.
-Што мислиш ти за кур’анската интерпретација на Аллаховото знаење? Кур’анот вели: Навистина само Аллах знае кога ќе биде Судниот час и ден; кога дождот ќе го спушти; што е во матерките. Ниеден човек не знае што ќе заработи утре и каде ќе умре. (Лукман, 34), Кур’анот прецизно вели дека Аллах џ.ш. горното знаење го задржал за Себе: „Кај него се сите клучеви на сите тајни. Само Тој ги знае”(Ел-Ен’ам, 59).
-Па што мислиш за лекарот, кој денес знае што е во матерката, може да го погоди полот? Што да се каже за дождот добиен на вештачки начин?
-Кур’анот не зборува за спуштање на дождот туку за спуштање на врнежот, а тоа е обилен дожд, кој паѓа во такви количества што може да ја промени судбината на еден народ, да го спаси и да му донесе благосостојба. Овој вид на дожд не е можно да се произведе.
-Што се однесува до знаењето на Аллах џ.ш. за она „што е во материците” не станува збор само за полот, тука станува збор за Аллаховото сеопфатно знаење, на пример што ќе биде детето, што ќе работи и каков ќе биде неговиот животен пат од тој момент па до смртта, а сето ова може да го знае само Аллах џ.ш. и никој друг.
-А каква е таа приказна за Божјиот престол кој, по вашите зборови, ги опфаќа небото и земјата..за престолот што го носат осум..?
-Твојот разум ги опфаќа и небото и земјата, иако си само човек. Како тогаш да не ги опфати Божјиот престол. Земјата, Сонцето, сите планети, звездите, галаксијата и др. носени се од Аллах џ.ш. по вселената. Како тогаш можеш да се чудиш кога станува збор за носење на престолот!
-Што е тоа Ел-Курсију и Ел-Аршу?
Кажи ми ти на мене што е електронот, па ќе ти кажам за Ел-Курсија. Кажи ми што е електрицитет, паќе ти кажам што е гравитација..кажи ми што е времето. Ти не ја знаеш сиштината на било што, а мене ме прашуваш за суштината на поимите Ел-Курсију и Ел-Аршу. Светот е полн со тајни и ова се само некои од нив.
-Кур’анот зборува за мравката која ги предупредила останатите мравки за доаѓањето на Сулејмна а.с. и на неговата војска:
-„Кажа една мравка: Ој мравки, влегувајте во своите домови за да не ве сотрат и не ве прегазат Сулејман и неговата војска...(Ен-Немл, 18).
-Барем малку да читаше за инсектите не би поставувал вакво прашање. Науката за инсектите е полна со општи студии за јазикот на мравките и пчелите. Денеска е општо признаен фактот дека мравките имаат сопствен јазик. Затоа што би било невозможно да се организираат службите во мравјалниците во кои има над стотина иљади мравки, да се пренесат наредбите и сл, ако нема јазик со кој тоа се пренесува. Зато му нема место ниту на најмало чудење како мравката го препознала Сулејман. Зарем човекот не го знае Аллах џ.ш. ?
-Како Бог го брише она што еднаш го запишал (одредил). „Аллах уништува што сака а го овековечува и утврдува она што сака. Кај Него е главната книга. “ (Ел-Ра’д, 39). Греши ли вашиот Господ во сметката како што тоа го чинат и луѓето, повторно пишуваат, коригираат, дали Тој тоа истото го прави?
-Аллах џ.ш. ги брише гревовите за да те инспирира да правиш добро. Тој вели во Кур’анот : „Навистина добрите дела ги бришат лошите” (Худ, 114). За своите робови Аллах џ.ш. вели: „Им објавивме да прават добри дела, да клањаат намаз и да делат зекат” (Ел-Енбија, 73). И ете, така излегува дека Аллах џ.ш. го брише бришењето и ова е тајната на ајетот од главата Ер-Рад која ја наведов погоре.
-А што велиш за ајетот „Јас ги создадов и џините и луѓето само за да Мене ме обожуваат и само на Мене да ми се поклонуваат” (Ез-Зеријат, 56). Зарем на Бога му е потребно нашето обожување?!
Напротив, ние сме во потреба да Го обожуваме и да Му се поклонуваме!
Дали ја обожуваш убавата жена заради љубовта што ти ја наметнала или се насладуваш, среќен си и уживаш во убавината на твојата сакана. Аллах џ.ш. е над се по својата убавина, големина, моќ итн. Па ако Го запознаеш како таков ќе Го обожуваш и во тоа обожување ќе најдеш најголема среќа и уживање.
Обожувањето кај нас произлегува од запознавањето. Аллах џ.ш. се запознава од сознанието. А сознанието на Аллах џ.ш. е врв на сите спознанија и претставува крајна точка на патот на спознавање кое почнува со раѓањето. Прво што детето запознава по раѓањето се мајчините гради. Тоа е првата негова сласт. Потоа детето ја запознава мајката, па таткото, семејството, друштвото, околината. Потоа почнува да ја користи средината, која кон него сега е како мајчинските гради. Од таа средина тој сега зема и се користи со сите нејзини благодети: од длабината на земјата го вади златото и дијамамнтот, од морето бисерот, од нивите и полињата прибира разни видови плодови. Сето ова претставува друга сласт на патот до сознанието. Потоа од запознавањето на својата земска средина се преоѓа на запознавање на сферите: се освојува Месечината, се упатуваат вселенски бродови кон Марс и се плови кон непознати светови уживајќи во уште една голема сласт, откривање и запознавање на вселената. Тогаш тој вселенски патник се враќа и се прашува: Кој сум јас што го запознав сето ова? Со ова прашање тој започнува едно ново патување, патување на сознанието за самиот себе со цел да се запознае и господари со силите кои ги става во сопствена служба и во служба на другите. И тоа е еден вид на сласт: да се користи себеси, а и на другите. По спознавањето на самиот себе доаѓа спознавањето што претставува врв на сите спознавања, а тоа е спознавањето на Аллах џ.ш., кој ја создал вселената и човековата душа и човековото битие. Со ова последно спознавање човекот ја постигнува најголемата среќа, бидејќи се сретнува со највозвишеното, најсовременото и најубавото од сето убаво. Ова е патување на побожниот на патот на побожноста. Сето тоа е во закон на патот на цвеќето и обемното радување. А тоа што во животот има потешкотии е оттаму, затоа што секој оној кој сака да ја собере розата мора својата рака да ја стави во трништа. Тој кој сака да го достигне врвот на бесконечноста мора да ги вложи сите свои сили за да го постигне тоа. Спознавањето на Аллах џ.ш. од страна на побожниот човек и растргање на завесите пред очите е она најубавото, највеличенственото и најголемото што човек може да го постигне. Еден суфија облечен во платнена одежда вели: „Ние сме во такво уживање што владетелите кога би знаеле за него, би настојувале со сабји да ни го одземат”. Ова е сласта на вистинскиот ибадет. Таа е дадена како удел само на оној што е навистина побожен. Меѓутоа, на Аллах џ.ш. таа побожност не му треба. Таа нам ни е потребна. Тој е независен од луѓето. Ние Аллах џ.ш. не го обожуваме затоа што сме принудени на тоа, туку затоа што сме ја осознале Неговата големина и Неговата убавина. Во ибадетот кон Аллах џ.ш. ние не наоѓаме понижување на човекот, туку среќа и чест, наоѓаме ослободување од сите видови на култови во земскиот живот, ослободување од сите видови нагони, страсти, похоти, робувања итд, Плашејќи се од Бога не се плашиме повеќе од ништо друго, ниту имаме гајле за нешто друго. Покорноста кон Аллах џ.ш. е навистина храброст, а ибадетот кон Него е слобода. Понизноста кон Аллах џ.ш. е чест. спознавањето на Аллах џ.ш. е сигурност. Ете, тоа е вистински ибадет. Ние сме тие што ја жнеат користа и радоста на ибадетот, бидејќи на Аллах џ.ш. тој не му треба. Тој не создал да ни дава, а не да ни одзима. Не создал за да не обогати со делот од Своето совршенство. Тој кој се гледа и се слуша и ни дал да гледаме и слушаме. Тој кој се знае ни дал разум за да се опскрбиме со дел од Неговото знаење и сетила за да се окористиме со дел од Неговото знаење. Тој вели:„Човеку покори Ми се, ќе ти дадам дел од божествената моќ, па ќе можеш на нешто да му кажеш Биди, и тоа ќе биде.(Хадиси-кусиј). Зарем ова не му овозможило на Иса а.с. па така тој правел онака како што правел.
Ибадетот на Аллах џ.ш. не е робување во смисла каква што ние обично ја разбираме. Да се робува онака како што обично се сфаќа е Господарот да ги зема добрата на својот роб. Ибадетот кон Аллах џ.ш. има сосема спротивна смисла и значење. Затоа што Аллах џ.ш. на својот роб му дал немерливи благодети и го дарувал со неброени совршенства. Па кога Аллах џ.ш. вели: „Ја сум ги создал џинните и луѓето само Мене да ме обожуваат и само на мене да ми се поклонуваат” тоа во суштина значи: Ги создадов џиннитеи луѓето за да им дадам добрина и чест, сила, да им доделам почест и хилафет на земјата. На Создателот Господарот не му е потребен нашиот ибадет. Тој нам ни е потребен. Ние сме му потребни на овој ибадет, бидејќи сме и потребни на оваа чест, почест и добрина, кои се неограничени. Благородниот Аллах џ.ш. ни дозволил за да можеме да „влеземе” кај Него во секое време без претходно најавување и да останеме кај Него колку што сакаме молејќи Го и барајќи од Него што ни е воља. Каде е некој друг кај кого можеме кога и да посакаме и како што сакаме?! Во тој поглед убаво вели добриот роб Шејх Мухаммед Мутевели Еш-Ша’рави:
„Доволна ми е честа да сум роб. Ме прима без никаква најава Бог кој е во Својата најголема високост секогаш.
“Но, и покрај тоа Го среќавам кога ќе посакам” и
„Покажете ми го производот, кој на својот творец му се покажува пет пати дневно (мисли на 5-те дневни намази).
И е изложен на пропаст!”
Ова беа само некои сокриени значења на ајетот кој на прв поглед не фрла во сомнеж: Јас ги создав џините и луѓето само за да Ме обожаваат и само на Мене да се поклонуваат.
Кога за овој ајет би размислиле малку повеќе, тоа кај тебе би побудило одушевување и би предивикало дивење.
Кажа пријателот:
-Денес ќе имаш тешка работа. Ќе мораш да го докажеш создавањето на човекот на гала-гала начин: Зел Господ грутка земја со Својата рака кога ја замесил, ја вдахнал во неа душата и така е создаден Адем, а создавањето на човекот на овој начин го отфрлаат науките за развојот, кои тврдат дека првиот човек - Адем, дошол на светот како резултат на цел еден развоен процес на развој на животот на земјата и дека како таков е тесно врзан за членовите на својата фамилија- животинскиот свет, и дека со мајмуните има заеднички предоци, дека постои голема сличност во градбата на нивното тело, што се јасно покажува дека сите и припаѓаат на една фамилија.
Му одговорив на мојот пријател подготвен, за љубов на вистината, на беспоштедна расправа:
-Дозволи ми најпрво да коригирам некои твои поставки во врска со создавањето на човекот. Аллах џ.ш. не го создал Адем на гала начин како што велиш: еве овде е грутка земја, да дувнеме во него и ќе настане Адем. Кур’анот зборува за потполно поинаков начин на создавање на Адем. Во создавањето кое има свои фази, се одвива по периоди и трето во Божје време. Кур’анот сосема јасно нагласува дека човекот не е директно произлезен од земјата туку од потомците, кои настанале од земјата: „Навистина Ние го создадовме човекот од мокро блато” (Ел-Муминине, 12), и дека човекот на почетокот не бил ништо значајно:
„Зарем човекот не поминал низ такви времиња во кои не бил вреден помен” (Ел-Инсан, 1). И дека неговото создавање било еволутивно:
„Што ви е вам па не се давате, да верувате во Бога за да биде во добивка и од Бога да бидете наградени со висока положба. Тој ве создал во етапи (постепено)” (Нур, 13-14).
„Ние ве сиздадовме, потоа ви дадовме форма и им кажавме на мелеците: Паднете коленечкум пред Адем. Тие паднаа коленечкум, а Иблизот (ѓаволот) одбил...” (Ел-Еа’раф, 11).
„И кога твојот Господар Создател им кажа на мелеците: Ја ќе созадам човек од блато, па кога ќе го употполнам и ќе вдахнам дух Свој, покорете му се” (Сад, 71-72).
Од наведните ајети се гледа дека создавањето поминало низ фази: создавање, обликување, потполнување, а потоа ќе му вдахне дух. Карактеристично е дека овие зборови во ајетите се врзани со врзникот „сумме” (потоа), кој во Божјето време означува милиони години.
„А денот е кај господарот Создател твој како иљада години што вие ги броите” (Ел-Хаџ, 47).
Да ги погледнеме овие временски фази на создавањето во главата Сеџде во која Аллах џ.ш. вели:
„...го почна создавањето на човекот од блато, потоа стори неговиот пород да настанува од грутка крв и слаба вода човечка, потоа је изедначил и усовршил битието негово и вдахнал дух Свој во него, па ви дал очи, уши, срца...” (Ес-Сеџде, 7-9).
Прво била земјата, потоа згрутчената крв од слаба вода. Ова се почетоци на човековото создавање, кое како такво„не било вредно за помен”. Потоа дошло воедначувањето, формирањето, па вдахнувањето со што настанал човекот, како суштество со сетила:слух, вид, срце па настанал Адем, кој е значи последната етапа од еден долг синџирест развој, а никако како апсолутен почеток на едно брзинско создавање (гала-гала начин):
„И Бог дал да раснете како растенија од земјата...” (Нух, 17), под раснењето, кое е спомнато во овој ајет се мисли на раснењето кое има свои фази. Но, навистина е тајна какви биле тие фази во својата суштина, што всушност, биле тие развојни периоди.
Дали стеблото на животот е цело од еден татко?
Се е од земјата земајќи го во предвид хемискиот состав на земјата. Се со смртта се враќа во земјата и се растворува на своите состојки. Ова е општо познат факт. Но. зборот „татко” ние овде го сфаќаме многу пошироко од основните состојки на човекот. Прашањето е само дали од земјата настанала првата ќелија, која со размножување ги произвела сите видови на животни, растенија, па и самиот човек или постоеле многубројни различни почетоци: еден почеток за растенијата, друг за животните како на пр. сунѓерите, почеток од кој се развиле рибите, па потоа почеток за влекачите, птиците, цицачите и почеток од кој се развил човекот, што всушност би значело дека човекот имал свој почеток наполно самостоен како и останатите видови.
Анатаомската сличност на видовите, родовите и фамилиите нагираат засебни почетоци. Ова анатомско преклопување сосема јасно укажува на тоа дека еден е Создателот на сите видови живот, кој ги создал од заеднички материјал, по еден ист план и стил. Ова е нивна логична и нужна консеквенца. Меѓутоа, тоа што им е еден татко не е нужен резултат на анатомската сличност и преклопување на особеностите на видовите, родовите и фамилиите. Сообраќајните средства се слични помеѓу себе, како на пр. колата, возот, шинобусот, ...Оваа нивна сличност зборува дека тие сообраќајни средства се производ на човечкиот ум. Но, тие никако не негираат постоење на нивен конструктор и негова оригиналност. Како што е неправилно да се рече на пример дека рачната кочница се развила по некој свој внатрешен закон прво во колата, која ја влечат коњи, па во Форд, па во Дизел, пред се затоа што вистина е дека овие премини биле сосема поинакви и оделе развојно заедно со умот на конструкторот и неговите изумителски способности, а исто така е погрешно да се тврди дека еден вид произлегол од друг, иако ова тврдење, земајќи го во предвид временскиот фактор и распоред, се чини за исправно. Меѓутоа, вистината е таа дека секој од нив произлегол од „изумителскиот скок” на својот инструктор и така започнале самостојно.
Дали постоеле одделни почетоци или сите видови имаат ист прапочеток?
Развојот е сосема јасно спомнат во Кур’анот како што се спомнати и неговите фази. Меѓутоа, науката се уште не успеала во потполност да објасно која и да е од овие фази и да даде заден збор за нив. Ако се вратиме на ајетот од главата Сеџде, кој во превод гласи:
„ Го почна создавањето на човекот од блато, потоа стори неговиот пород да настанува од грутка крв и слаба вода човечка, потоа го изедначил и усовршил битието негово и вдахнал дух Свој во него, па ви дал очи,уши, срца...” (Ес-Сеџде, 7-9), ќе видиме дека првите почетоци на човекот, од кои подоцна настанал и првиот човек Адем, а тоа се оние во кои се зборува за човековата вода, велат дека тој немал формирани сетила: за вид, слух, ниту срце. Ова дошло по „вдахновувањето на духот”, а тоа била последната фаза во создавањето на Адем. Значи, овие почетоци се слични на првоботниот животински живот:„Зарем на човекот не бил во време кога не бил помена вреден” (Ел-Инсан, 21). Не мислам дека ова се разликува ова од ставот на науката за кој ти зборуваш. Меѓутоа, вистината на развојот е се уште тајна. И никој умен нема да тврди дека ја открил вистината. Можеби она што се случило не е ни од далеку така како што ние зборуваме и како учените говорат. Прашањето е се уште отворено за истражување и се што науката ни го сервира засега се претпоставки.
Д-р Мустафа Махмуд
Последни текстови:
|
|
|
|