Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

КУР’АНСКАТА МАКСИМА: ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ (Нема друг бог освен Аллах)
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007

Кажа пријателот:
-Зар не се сложуваш со мене во врска со мислењето деке вие многу претерувате во употребата на зборовите Ла илахе иллаллах, нарекувајќи го тоа клуч кој ги отвара сите врати; со тоа решение ги испраќате умрениот, го дочекувате новороденчето, ставата зборови на печатите, ги врежувате на околувратници, монети,...кажувате кој од вас ќе ги изговори се сочувал себе од огнот... а кој ги изовори сто иљади пати ќе влезе во џеннетот, како да се тие зборови магичен талисман, магија за одбивање на џините или пештера за нивно затворање, како и буквите елиф, лам. мим, каф, ха, ја, ајин, сад, та син, мим, лам, ра, чие значење ниту вие не го знаете. Ќе се сочувам ли себе си ако изговорам Ла илахе иллаллах? Ако е така тогаш еве пред тебе и овој аудиториум велам: Ла илахе иллаллах, и дали е со ова се завршено?

-Не, со тоа ништо не си рекол. Кур’анската максима Ла илахе иллаллах која значи: Нема друг бог освен Аллах, му користи само на оној што според неа го уредил сопствениот живот, а не оној кој со јазикот ја вели. Ла илахе иллаллах е метод на работа, стил и програма на живеење. Да размислиме малку за нејзиното значење. Кога велиме Ла илахе иллаллах тогаш со тоа јасно ставаме до знаење дека само Аллах е достоен за обожување. Помеѓу Ла и Ила, помеѓу негацијата и потврдата, кои се содржани во оваа максима, помеѓу ова се наоѓа целото твое верување; негацијата Ла ја негира сета боженственост на она што не мами во вид на овоземските добра како имотот, честа, положба, власт, раскош, жени, гордост...На сето ова отворено му велиме: Не, нема да те обожувам. Ти не си Бог. Потоа се обраќаме себе си, на своите души кои копнеат за тие уживања, бидејќи човекот често и самиот себе си се обожува; го обожува своето мислење, своите страсти, избори, воља, остроумност, способности и замислува дека во своите раце пофаќал се, дека во неговите раце е судбината на светот и така себе си се сторува Бог, а да не е свесен за тоа. На таквата душа и велиме: Не, ти не си Бог, нема да те обожувам. Дека нема друг Бог освен Аллах потврдуваме во споменатата куранска максима со честичката илла. Помеѓу овие две честички, како што истакнавме, стои севкупното верување. Па така тој што е зафатен со прибирање на имот, капитал, полтронизирање кон претпоставените, трчање по уживања, оддавање на страстите, обожување на своето мислење и страсти, своите способности замислувајќи дека ги контролира со своите раце сите конци на сето околу него и се замислува дека е господ. На таквата душа ние и велиме : - Не. Нема да де обожавам. Не си ти бог. Им велиме не на сите кои бараат од нас да ги обожаваме нив наместо Бога. Тој е во михработ на своите идоли и ако ја изговарал максимата Ла илахе иллаллах, тогаш тој тоа го правел лажно,и го прави тоа само со јазикот, а не го прави тоа со рацете и не го потврдува тоа во пракса. Зборот илахун е фаилун , а фаилун значи оној кој прави нешта. Кај нас тоа е Бог, а сето останато е средтство.
Максимата Ла илахе иллаллах, значи дека нема друг пресметувач освен Аллах, кој единствен е достоен за стравопочит. Оној што се плаши од некого друг не рекол одлучно Ла, односно Не на сите тие лажни идоли, туку на нив им е на сеџда, им се поклонува, и така прави ширк. Тој лаже кога вели Ла илахе иллаллах.
Од значењето на Ла илахе иллаллах се гледа дека е ова обврска, програма или стил на живеење, чија цел е работа во однос на она што значи. И кој ќе поработи по оваа максима, таа навистина ќе му биде талисман со кој ќе може да ги отвори сите врати, спас на двата света и пат во џеннетот. А што се однесува до оној кој оваа максима ја кажува само со јазикот, а не го уредил сопствениот живо според неа, таа не му носи никаква корист.

Ама зборовите Ла илахе иллаллах значат уште нешто. Тие имаат и свој одреден философски поим. Д-р Зеки Неџиб Мухамед вели: Максимата Ла илахе иллаллах, содржи признание на оној што ја изгоовара оваа максима за постоењето на оној кој оваа максима ја изговара и според неа живее, постоењето на Оној за кого се вели дека постои и постоење на оние пред кои ова се изговара. Од ова се гледа дека Исламот го отфрла идеализмот, како и материјализмот. Тој зазема една средна позиција.
Го отфрла идеализмот, зашто тој не го признава постоењето на другите објективни светови, надворешните факти независни од умот. Во очите на идеалистот се тече како сон, се е во мозокот. Се е случување во главата (радио, улица, војна...), а надворешниот свет како и да не постои.
Овој екстремно идеалистички став Исламот го отфрла, како што рековме. А неговата максима Ла илахе иллаллах, го потврдува тоа. Таа е значи стил на животот и одреден философски став.
И еве сега ти е јасно дека твојот изговор на максимата Ла илахе иллаллах, нема да ти користи, оти ти не си ја изговорил искрено.
Си донел шехадет, а не работиш и не го уредуваш животот по него.
Што се однесува до харфовите елиф, лам, мим... --Да те прашам прво за логаритамот и формулата за енергија, што сепак е тајна за физиката, математиката, геометријата. Така е и со харфовите, кои ги спомнуваш. Нивното значење го знаат само тие на кои им е откриен.
-А дали на тебе ти е откриено тоа?- рече пријателот насмевнувајќи се .
-Тоа е тема за некој друг, подолг разговор, кој ќе те изненади, му одговорив.

Д-р Мустафа Махмуд


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025