Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

КАФ-ХА-ЈА-АЈН-САД
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007

Му кажав на пријателот:
Тебе, без сомнеж, многу те изненади кога читајќи го Куранот прв пат се сретна со харфовите на почетокот на некои курански поглавја, како што се на пр. Харфовите: елиф, ха-мим, та-син-мим, елиф-лам-мим, каф-ха-ајн-сад, каф, син...што ли си помислил кога си ги изговарал? Рамнодушно си промрморел:
-Значи...
-Значи што?
-Значи, кој било збор со кој ве исмејува вашиот Веровесник.
-Во ред. Ајде заедно да го погледнеме овој говор за кој ти тврдиш дека е празен говор и дека Божјиот Пратеник не исмејува. Да земеме едно кратко и мошне едноставно поглавје, на пример главата Каф. Да изброиме колку букви Каф има оваа глава.

Ако точно преброиме, ќе видиме дека овој харф е застапен точно 57 пати. Да ја земеме главата Еш-Шура, која е два пато подолга од главата Каф. И оваа глава почнува со Каф, а во целото поглавје оваа буква е употрбена исто така 57 пати. Дали сето ова е случајно? Ако ги собереме овие два броја, ќе го добиеме збирот 114, точно колку што се глави во Куранот. Се сеќаваш ли можеби како почнува главата Каф и како завршува? Ќе те потсетам. Почетокот на главата е : Каф Вел Кур’анил меџид, а завршува: Фе зеккир бил Кур’ани мен јехафу веид. Од самиот контекст може да се заклучи дека со Каф овде се симболизира самиот Кур’ан, а вкупниот број на овој харф (114) алудира на бројот на кур’ански поглавија.
Пријателот тогаш трудејќи се да покаже знаци на незаинтересираност, кажа:
-Сето тоа е само случајност.

Му одговорив мирно:
Да продолжоме со нашиот опит. Со електронскиот мозок(компјутер) ги броиме сите кафови во сите 114 кур’ански поглавија.
Пријателот потполно пробуден и помалку нервозен праша:
-Дали тоа веќе некој го направил?
-Да, го направил.
-Па каков бил резултатот?
-Електронскиот мозок ни вели дека најголемите просеци и средини се наоѓаат во главата Каф и дека оваа глава ги надминува по број сите други курански глави во однос на употребата на оваа буква..Дали и ова е уште една случајност?- го прашав пријателот.
-Многу чудно- одговори тој.
Јас продолжив:
-Главата Ер-Рад почнува со харфовите: Елиф-Лам-Мим-Ра. Благодарејќи му на електронскиот мозок успеавме да сознаеме дека буквите што се употребуваат во оваа глава се застапени вака:

Елиф се појавува 625, лам 479, мим 260 и ра 1е7 пати,а по овој редослед се дадени на почетокот на главата. Со електронскио мозок потоа е пресметан бројот на јавувања на овие букви (харфови) во целиот Куран. Резултатот до кој дошле одекна како бомба. Тој вели дека најголемите просеци и средини на овие харфови се наоѓаат токму во оваа глава Ер_Рад и дека по бројот на застапеност оваа глава ги надминува сите други во Куранот. Ист е случајот и со харфовите ели-лам-мим во главата Бекаре, во која елиф е застапен 4592 пати, лам 3204 и мим 2195 и тоа по овој редослед се и спомнати на почетокот на главата. Карактеристично за оваа глава е дека харфовите, како што покажа по број ги надминуваат сите останати харфови на ова пофлавие.

Ист е случајот со харфовите Елиф-лам-мим во главата Али-Имран , каде елиф е споменат 2578, лам 1885, мим 1251 пати и по тој редослед се споменати на почетокот.

И во него овие харфови според просекот на јавувања стојат над сите останати харфови во поглавието Анкебут. Пребројувањето дало резултат дека Елиф во оваа глава се споменува 784, лам 554 и мим 344, со исти карактерстики како и во споменататото поглавие. И на крајот да ја споменеме застапеноста на вие харфови во поглавието Ер-рум во кое елиф е споменат 547, лам 396, а мим 318 пати и во кој по бројот на застапеност доаѓаат пред сите останати во оваа глава.
Ако сега ги разгледаме сите кур’ански глави, кои почниваат со харфови: елиф-лам-мим, ќе видиме дека меканските глави со своите просеци ги надмниуваат по број останатите мекански глав, а мединските глави по своите просеци, ги надминуваат останатите медински глави. За пример нека биде бројната застапеност на харфовите елиф-лам-мим во главата Ер-Еараф.
Со електронскиот мозок е пресметано дека просеците на овие харфови се најголеми во ова поглавие и дека по број ги надминуваат меканските глави во Кур’анот. Во главата Таха харфовите Та и Ха се јавуваат со просек кој е поголем од сите мекански глави. Во главата Таха харфовите та и ха се појавуваат со просек , кој е поголем од сите екански поглавја. Ист е случајот и со харфовите ајн, сад во главата Мерјем. Исто е и со останатите две курански глави. Оваа појава се јавува и во главите кои започнуваат со харфовите ха-мим, чиј просек, ако се соберат просеците на овие два харфа, е поголем од просеците на сите мекански глави. Исто е и со другите две глави, на чив почеток е харфот сад. Тоа се главите Сад и Ел-Еараф, Елиф-лам-мим. Овие две глави се објавени една по друга. Ако се состават, тогаш тие по бројот на јавувања ги надминуваат сите останати глави. Ова се повторува и во главите кои почнуваат со Елиф-лам-ра, а тоа се главите Ибрахим, Јунус, Худ, Јусуф и Ел-Хиџр, од кои четири се објавени едно по друго. Ако се спојат даваат најголем просек во односот на појавата Елиф-лам-ра во сите мекански глави на Куранот, како што ни го покажува тоа електронскиот мозок со своите пресметки. Што се однесува до главата Јасин забележуваме дека дека семантичката смисла постои, но обратна, бидејќи и распоредот на харфовите е ист, така што харфот Ја дошол на прво место на главата Јасин, обратно од Алфабетскиот ред. Затоа појавата на харфовите Ја и Син во него е помала од меканските и мединските глави во целиот Кур’ан. И тука постои статистичка смисла. Но таа е инверзна, обратна.
Целото тоа време пријателот молчеше. Со желба да му олеснам, му реков:
-Ова што ти го реков не се мои факти. Ова се резултати до кои дошол египетскиот научник, кој живее во Америка, д-р Решад Халифа, преземени од неговата опширна студија за Куранот. А книгата што се наоѓа пред тебе детално ја анализира споменатата студија (Мирацле оф тхе Љуран, Исламиц Продуцтионис ин Ст. Лоуис), и му ја подадов спомнатата книга на англиски јазик, печатена во Америка.
Пријателот ја зеде книгата и почна да листа. Повторно го започнав разговорот:
-Не станува веќе збор за случајност. Ние се наоѓаме пред утврдени закони и прецизни резултати, до кои се дошло со пребројување на харфовите; секој харф со крајна прецизност е поставен на нему одговарачко место, и јас почнав да му цитирам ајет од главата Еш-Шура:
„Аллах го објавил Кур’анот со вистина и мера вистинска” (Еш-Шура, 17). Станува збор, значи, за прецизна мера.
По овие мои, макар и делумни увиди во поедини кур’ански глави, отпаѓа макар и најмал сомнеж во божественото потекло на Кур’анот. Кур’анот да не беше Божја Книга, кој е тој кој би можел од споменатите харфови да направи такви комбинации и равенки, до кои се дошло со помош на електронски мозок. Од сето искажано призлегува дека Кур’анот е Божја Книга. За тоа многу зборува и периодот од 23 години во кој траела оваа Објава, бидејќи кој освен Сезнајниот Аллах џ.ш. можел однапред да ги постави овие равенки и да прави така прецизни пресметки.
И харфовите со кои почнуваат поедини кур’ански глави симболично зборуваат за Божјето сезнаење распространето низ целиот Куран, а кои луѓето ги откриваат со време:
Ние на нив бргу ќе им ги покажеме знаците на Нашиот увид, па и во нив самите, како би им било јасно дека Куранот е вистина (Фуссилет, 53). Јас не велам дека ова е тајната на харфовите. Тоа е само еден дел од огромната тајна, која никој од луѓето не може во потполност да ја открие. Овие харфови ги ставаат пред прецизни мерења и длабоките значења на секој од нив посебно, така што никој не би смеел да се дрзне да каже дека се наоѓа пред каков било говор...Зарем не гледаш пријателе мој дека се наоѓаш пред говорот кој не може да биде каков било говор?
Пријателот на сето ова ништо не можеше да одговори, и само продолжи со листањето на споменатата книга на англиски јазик, и кога ќе дојдеше до крајот се враќаше повторно на почетокот, листајќи ја книгата не кажувајќи ниту еден единствен збор.

Д-р Мустафа Махмуд


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025