Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
ЗА МУЏИЗАТА (Аллаховото чудо)
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007
Пријателот рече:
-Не разбирам како си допушта Господарот Милозлив, за кого вие велите дека е благ, милозлив, благороден, дека многу простува итн., како си допушта ваквиот Творец и Господар да му наредува на својот пратеник Ибрахим да го заколе своето дете. Нема ли да се сложиш заедно со мене дека е тешко да се поверува во сето тоа?
-Од контекстот на кур’анските кажувања за Ибрахим а.с. и за синот Исмаил јасно се гледа дека Божјата намера не била Ибрахим да го заколе својот син, а да го сакаше тоа Аллах џ.ш. тоа и ќе се случеше.
Меѓутоа познато е дека Исмаил не бил жртвуван како курбан. Од Ибрахим а.с. се сакаше тој да ја совлада својата страствена љубов кон роденото дете, да биде господар на своите чувства, да се ослободи од претераната врзаност за Исмаил, затоа што не е дозолено срцето на Божјиот Пратеник да биде врзано за некого друг во онаа мера во која е врзано за Аллах џ.ш. Срцето на Божјиот Пратеник мора да биде исполнето со неизмерна љубов кон Аллах џ.ш. Сето друго, како што се светот, децата, угледот, власта се од второстепено значење. Исмаил како што е познато, е роден кога татко му бил во длабока старост. Оттука е таа страствена љубов на таткото кон него. И тогаш Аллах џ.ш. го става на испит својот Пратеник, за да биде испитана неговата исправност на ова толкување. И што се случило. Доволно било Божјиот Пратеник само да ја прими Божјата наредба, за да веднаш пристапи кон нејзиното извршување. Меѓутоа, тогаш стига заповедта за замена на жртвата.
-А што мислиш за муџизите: Онаа на Ибрахим а.с.-неговото влегување во огинот, која не го гори, за стапот на Муса а.с. кој тој го престорува во змија и со него го расцепува морето, потоа за неговата бела рака. ..
Зарем сето ова не ти личи по пехливанска програма на некој циклус?
Зарем му е потребно на Бог да ја докажува својата величина со нешто што е само по себе апсурд, и претстваува кршење на редот и поредокот во природата? Зар не се токму редот, разумот, системот, дисциплината, со еден збор законите што владеат во природата најсилни докази за Божјата големина и моќ?
-Морам веднаш да ти кажам дека муџизата си ја разбрал погрешно. Таа според тебе е пехливанство, спротивност наредот и апсурдот. Меѓутоа, таа е нешто сосема друго.
Дозволи ми да ти го објаснам ова со пример. Да речеме кога во некој случај би можел да се вратиш 3000 години наназад и да го посетиш египетскиот фараон носејќи со себе транзистор со големина на ќибрит, кој пее и зборува. Што мислиш што би сториле фараонот и неговата свита? Нема сомнеж дека запрепастено би извикале дека е тоа муџиза вон сите закони, иако сите ние добро знаеме дека во тоа нема ништо чудно и натприродно. Затоа што се она што се случува во транзисторот се случува по законите на електрониката, и како такво е сосема разбирливо. Со какво чудење би те гледал Бабилонскиот крал кога би го посетил со телевизор во рака, кој емитува слики од Римската Империја, а Асирскиот Крал би бил сиот избезумен, и би аплаудирал кога би чул глас од грамофонската плоча, која си ја навил.
И поблиската историја ни забележила слични реагирања. Така на пример кога дошле колонистите во Африка и кога првиот авион атерирал во една џунгла, тамошните домородци во страв се поклонувале на земи, а потоа почнале да удираат во тапаните и да им принесуваат жртви, како да бил Бог пред нив, затоа што тоа што го виделе со сопствените очи било вон сите логични закони, кои тие ги познавале, иако ние добро знаеме дека летот на авионот се одвива по утврдени закони и дека на нив морало да се смета при конструирањето на авионот. Муџизата, значи, не е кршење туку е почитување на редот. Водата се крева низ стеблото на палмата, спротивно на силата на гравитацијата. Се работи за законот за компактност на водениот столб, законот за посебните влакна и законот за осмозичен притисок, кои ја влечат водата.
Ние никогаш не излегуваме од рамките на разумот и сфатливото. Чудењето на домородецот призлегува од непознавањето на природните закони. Такво е и твоето чудење пред Мусиното расцепување на морето и претворувањето на стапот во змија, оживувањето на Иса на мртвите, влегувањето на Ибрахим во огин кој не може да го согори. За тебе е тоа неможно, бидејќи ги крши законите. Ти тоа го сметаш за пехливанство, иако сето тоа се случува по Божјите закони, кои ги надминуваат законите кои досега сме ги откриле. Станува збор за еден повисок ред и случување, кои се сосема логични, иако нашата мисла не може да ја допре. Аллах џ.ш. не го нарушува редот со муџизите, туку ни ги открива Неговите повисоки нивоа.
Бехаије исто како и ти згрешиле одрекувајќи ги муџизите, бидејќи ги сметале за понижување на умот. Тие го отфлале дословното значење на Куранот, но по нивните сфаќања Муса а.с. со својот стап не го раздвојувал морето туку неговиот стап го симболизирал Шеријатот кој ја раздвојува вистината од невистината, неговата бела рака според нив, ја олицетворувала раката на Доброто, Иса ги оживувал душите, а не телата, ги отворал хоризонтите на разумот, а не им го враќал видот на слепите. За нив сето тое било алегорија и Кур’анска симболика, затоа што сето тоа не можеле да го разберат.
Ние денес живееме во време во кое муџизите не е воопшто тешко да се појмат. Видовме како науката не одведе на Месечината. Ако тоа ни пошло од рака благодарејќи на нашето знаење тогаш е вон секаков сомнеж тоа дека Божјето знаење може да ни пружи поголемо знаење и моќ. Слушни го овој убав Курански ајет:
О, дружино на џинови и луѓе! Ако вие мислите дека можете да се пробиете низ земските и небесни сфери, тогаш обидете се! Но, нема да можете да се пробиете низ нив освен со (Божја) помош и дозвола. (Ел-Рахман, 33).
Д-р Мустафа Махмуд
Последни текстови:
|
|
|
|