Книги

Брошури

Маици

 

Таквим - Исламски календар

 



Текстови

 

НИЕ ЈА ОСТВАРУВАМЕ ОВОСВЕТСКАТА СРЕЌА, А ВИЕ ОСТВАРУВАТЕ ИЛУЗИЈА
(Извадок од книгата: ДИЈАЛОГ СО ПРИЈАТЕЛОТ НЕВЕРНИК)
13.05.2007

Сметајќи дека е победник, пријателот рече:
-Без разлика на овие наши разидувања, ние од нив излегуваме како победници, бидејќи ја остваруваме овосветската среќа, а вие илузијата. Ние имаме многу тоа што харамот не го сопира. Вие имате пост, намаз, молитва, страв од пресметка, па кажи ми кој е во добивка?

-Вие би биле во добивка, ако тоа беше вистинската среќа. Меѓутоа, тоа е всушност несреќа.

-Несреќа, како тоа?
-Затоа што е тоа робување на страстите, кои се ненаситни. И Кур’анот признава дека уживате, но тоа уживање не му е достојно на човека. Значи, тоа не е среќа. Вистинската среќа е смиреност и духовно ослободување од сите робувања, освен самото робување на Еден и Единствен Бог.
Среќата на човекот е смиреноста со самиот себе и со Бог џ.ш. Оваа смиреност се постига со човековата активност. Целиот негов живот треба да биде проткаен со добро и со зацврстување на врската со Аллах џ.ш. по пат на намазот. Во прилог на ова одат и зборовите на еден мистик - Ние живееме во таква сласт што кралевите, кога би знаеле каква е, би се обиделе да ни ја преземат-. Оние коишто знаат за оваа сласт на смирението со Аллах џ.ш. и со самиот себе, ја знаат и вредноста на оваа изрека.
-А зарем ти до пред неколку години не пиеше како и ние, претерано уживаше и беше задоволен со тој живот, како што сме и ние така задоволни? Во твојата книга Човек и Бог, си сторил куфр пред многу други на кои тоа сега им го припишуваш, па тогаш што те одведе од една крајност во друга?
-Бог е тој што ги менува нештата и кој е Еден Еднинствен и Непроменлив.
-Знам. Ти велиш, сето тоа е од Божјата добрина, но во што е твојата улога?
-Смртта беше таа која ме поттикна на едно подлабоко размислување за светот околу мене. Таа навистина порано ми изгледаше парадоксална и неа на себе никако не можев да си ја објаснам, додека светот ми изгледаше совршено уреден и разбирлив. Да беше мојот живот случајност полна случајност и игра, а мојот крај ништо, тогаш зошто жал , каење, тежнеење кон вистината, идеалите, дури по цена и на самиот живот.

Звездите, кои пловат по своите патеки, извонредно уредените заедници на пчелите и мравките, растенијата кои чувствуваат, моралот на некои животни, човековиот мозок со своите десет милиони влакна, кои функционираат во совршена хармонија, тоа е она што ме натера на размислување за Оној кој стои зад тоа. Убавината на листот од стеблото, крилото на пеперутката, пеењето на славејот, сето тоа ми кажуваше за Создателот. Видов потполна среденост на природата, која одрекуваше секаква случајност и несреденост.

Го прочитав Кур’анот и останав нем пред неговата мелодичност. Меѓутоа, пред оваа мелодичност во него најдов вистински одговори на прашањата што им се поставуваат на правните науки, етиката, човековата сооченост со вселената, животот, душата. Факт е дека Мухаммед, кој сепак не знаел ниту да чита, ниту да пишува, живеел во една заостаната средина, заедно со горе назначените, ме увери дека Кур’анот е од Бога, и дека Мухаммед е Божји пратеник.
Откако внимателно ме ислуша, пријателот рече употребувајќи ја последната шанса што ја имаше:
-Јас ништо не губам, бидејќи сум го проживеал најсреќниот и најбогатиот живот. Меѓутоа, ако моите пресметки бидат точни тогаш вие ќе изгубите многу, а моите пресметки и очекувања се вистинити, пријателе мој, и вас ве чека страшно изненадување.
Го погледнав пријателот додека говорев, и во длабочината на неговите очи го открив оној страв, оној тежок страв од кој трепките треперат и се нишаат. Иако стравот во неговите очи изгледаше како миг, тој беше доволно долг да покаже дека сомнежот почнал да ја нагризува пријателовата заслепеност. Со тонот со кој се обидуваше да покаже цврстина, ми кажа:
-Ќе видиш дека земјата е она што не очекува сите нас.
-Сигурен ли си? -
и по втор пат се покажа стравот во неговите очи.
-Да.
-Не си во право, му реков, бидејќи во тоа што го тврдиш никогаш не можеме да бидеме сигурни.
-Откако останав сам таа вечер, по нашиот долг дијалог, бев уверен дека пријателот на душата има рана. Реков во себе, молејќи се за него;
-...и можеби овој страв ќе го спаси, оти оној кој ќе се затвори себеси со својата надменост, стравот му е единствен излез. Но, знаев дека упатот на вистинскиот пат и вистината не се во мои раце. Зарем Аллах џ.ш. не му вели на Својот Пратеник:
Навистина ти нема да можеш да го упатиш оној кого ти го сакаш, бидејќи само Аллах упатува и го води кон вистинскиот пат оној кого сака. (Ел-Касас, 56).
Но, се молев за пријателот, бидејќи сакав да биде упатен и да биде спасен од најголемиот грев.

Д-р Мустафа Махмуд


Последни текстови:
foto
28.10.2011, Амр Халид
Ајети за понизноста
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ИСЛАМСКИОТ МОРАЛ
03.08.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ОСНОВИТЕ НА ИСЛАМОТ
08.03.2009, Проф. д-р Насер Рамадани
ЕТИЧКИОТ АСПЕКТ ВО ИСЛАМОТ




 

© МакИслам 2024-2025