Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
БОГ Е СОЗДАТЕЛОТ НА СВЕТОВИТЕ
(Извадок од книгата: Општ приказ на исламското верување)
26.12.2008
Ова е втора претпоставка на верувањето во Бога. Таа значи да веруваш дека само Бог е Содателот на сите светови: светот на животните, растенијата, ѕвездите, светови кои нам ни се познати и непознати. Ги создал од ништо и воспоставил во нив чудесни знаци за кои во хемијата, физиката, медицината, астрономијата е откриено сосема малку. Само Бог ја знае нивната прецизност и величественост. Знае колку листови има на секое дрво, обликот на секој лист и неговата положба; колку има бактерии на светот, нивната должина, широчина, деловите од кои се создадени; неподвижните и подвижните елементи во атомот, нивниот број, промените кои настануваат во нив, движењето или мирувањето, развитокот или преобразбата. Сето тоа е регистрирано кај Него во Книгата. Тој е Господарот на сите светови. Тој ги создал, ги чува, ги претвора од една состојба во друга. Тој во секој атом на овие светови ставил доказ кој го упатува разумниот кон Него. Оваа втора поставка на верувањето е неопходна. Меѓутоа, дали е доволно да се верува во неа за човекот да би станал верник? Кога некој би ти дошол и би ти потврдувал дека Бог е Создател и Господар, дали би било тоа доволно за да го сметаш за верник? Не, самото тоа не е доволно. Повеќето дамнешни народи така тврделе. Неверниците од Курејшиите на кои им е испратен Мухамед, нека е Божјиот мир над него, за да ги оттргне од многубоштвото и од нивните неисправни догми, и да се бори против нив, кога биле прашани за Создателот, Го признале и не Го негирале. Самиот Иблис, најзлобното создание, не го порекнувал тоа дека Возвишениот Алах е негов Создател и Господар. Тоа се воочува во Куранот, каде се пренесуваат зборовите на сатаната по неговото изгонување од рајот: „Господару мој, остави ме до Судниот Ден!“
Али Тантави
Последни текстови:
|
|
|
|