Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
БОГ Е ВЛАДЕТЕЛ И ГОСПОДАР НА ВСЕЛЕНАТА
(Извадок од книгата: Општ приказ на исламското верување)
26.12.2008
Третата претпоставка за верувањето е: Бог е Владетел и Господар на вселената! Располага со неа по Своја волја, оживува и усмртува. Можеш ли да ја одбиеш од себе смртта и да се направиш себе си вечен на овој свет? Тој ги дава болеста и здравјето. Можеш ли да го излекуваш оној на кого Бог му го ускратил здравјето? Тој дава богатство и искушува со сиромаштија, испраќа поројни дождови и уништува.
Може ли оној на кого му се дадени ќерки да ги преобрази во синови? Може ли неплодната да роди? Он ја одредува смртта на некои деца, додека на некои луѓе им дава да доживеат длабока старост. Испраќа бран на студенило и мраз на одредена област, а на другата и испраќа бран на топлина, а некоја област ја погодува со земјотреси. Видливи и очигледни нешта, а човекот не може да ги спречи.
Али Тантави
Последни текстови:
|
|
|
|