Книги
Брошури
Маици
Таквим - Исламски календар
|
Текстови
ВИДОВИ НА ИСКАЖУВАЊЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО
(Извадок од книгата: Општ приказ на исламското верување)
26.12.2008
Срцето кое верува дека користа и штетата се во Божјите раце, дека дозволата и забраната Му припаѓаат на Бога, дека апсолутната љубов, стравот и покорноста Му припаѓаат само Нему, бива исполнето со величањето на Него, го чувствува значењето на „Алаху екбер“ – „Бог е Најголем!“.
Секое нешто покрај Него станува минијатурно. Меѓу човековите дела има дела кои упатуваат на апсолутно величање, како што се: молитвата; прегибувањето и поклонувањето; клањањето, заветот, принесувањето на жртви, славењето, искажувањето на монотеизмот. Верникот овие дела Му ги посветува само на Бога. Само Нему Му се клања и поклонува, само Нему Му говори: „Субханеке“ - Славен Си и чист од секакви недостатоци, само од Него простување бара.
Затоа што, сето ова се видови на искажување на апсолутното величање кое е суштина на обожувањето. Еден од најизразените видови на ова апсолутно величање е довата - молитвата. Лингвистички, дова значи повик. Шеријатот не забранува да молиш, т.е., да повикаш жив човек, кој го слуша твојот глас, да ти помогне со своето знаење или сила во, за тебе, корисна работа. Нема да говориме за овој вид на молба. Молбата на која мислиме овде, а која ја сочинува сржта на обожувањето е барањето на корист и отстранувањето на штета, без видлива материјална причина. Оваа молба е наменета само за Бога, директно или без посредници. Здравјето не се бара од лекарот, затоа што тој само одредува лек, а оздравувањето го дава само Бог. А, посебно, овие нешта не се бараат од мртвите или неживите нешта. Затоа што само Возвишениот Бог дава корист без надворешна, видлива причина. Верникот превзема мерки и го извршува она што е во негова моќ, а потоа ги бара последиците и резултатите од Бога. Она на кое луѓето не му ги знаат причините, го бараат само од Бога. Верникот моли и говори: „О, Боже!“ верувајќи дека вратата е отворена и дека ќе му биде услишена молитвата; не се моли никому освен на Бог, ниту пак на некој покрај Него, ниту зема посредник помеѓу него и Бога. Ова е молитвата која ја претставува сржта на обожувањето.
Али Тантави
Последни текстови:
|
|
|
|